25 причини зошто е најубаво да се биде заљубен

Кога таа има лош ден и кога сѐ што сака да прави е да ја гледа нејзината омилена романтична комедија, тој ќе биде покрај неа, внимателно следејќи ја секоја сцена. Или пак, кога тој е нервозен и сака на момент да заборави на проблемите на работа така што ќе го гледа својот омилен спортски тим, таа ќе донесе неколку лименки пиво и ќе навива покрај него. Ви звучи познато? Погледнете ги наредниве 25 причини поради кој навистина вреди да се биде заљубен.

25 причини зошто е најубаво да се биде заљубен

1. Кога вашиот аларм за на работа ќе заѕвони, тој/таа нема да ве пушти да станете од кревет додека не ве изнагушка. А верувајте, тоа е подобра причина да останете во кревет уште 10-тина минути наместо да го притискате копчето за снуз.

2. Тој/таа ќе ве изненади со домашно подготвен десерт кога ќе се вратите доцна од работа само за да ви покаже дека ве сака. Па, зарем има подобар начин на опуштање по долг и напорен ден од топол и вкусен чоколаден колач?

3. Доколку е премногу студено надвор, тој нема да ви дозволи да излезете и ќе претрча до продавница за да купи нешто што ви е итно потребно дури и кога станува збор за женски продукти. Или пак, доколку тој гледа натпревар со своите пријатели, таа ќе се погрижи садот со чипс постојано да биде полн.

4. Понекогаш кога ви е потребна неколкуминутна пауза на работа, помислувате на последниот разговор со вашиот партнер и одеднаш се чувствувате многу поопуштено.

5. Доколку морате да направите одредена промена во вашата исхрана, тој/таа ќе ја направи истата од солидарност.

6. Тој/таа знае точно што сакате во кревет. И што е уште поважно, се грижи за да уживате колку што е можно повеќе.

7. Тој/таа не само што е ваш партнер туку е и ваш најдобар пријател. Тој ги познава сите ваши пријатели и целата драма помеѓу нив и секогаш е тука доколку ви е потребен совет. Истото важи и за неа.

8. Тој/таа ги мрази луѓето кои вие ги мразите. Исто така од солидарност.

9. Понекогаш правите телепатски муабет само со очите. На пример, се запознавате со луѓе кои не ви се допаѓаат и доволно е само да се погледнете за да сфатите дека и двајцата го делите истото мислење. И едвај чекате да останете на само за да ги споделите своите доживувања од ова искуство.

10. Начинот на кој тој/таа мириса ви овозможува некоја необјаснива сигурност и прави да се чувствувате убаво.

11. Тој/таа се грижи за цвеќињата затоа што знае дека вие ќе ги убиете. Дури и кактусите лесно умираат, а вие тоа многу добро го знаете.

12. Тој/таа нема да изгледа ниту една нова епизода без вас од ТВ сериите кои и двајцата ги следите редовно.

13. Тој/таа е подготвен/а да го прошета кучето сам/а доколку вие сте премногу уморни да станете или доколку веќе сте се облекле во пижами и удобно сте се наместиле на каучот.

14. Секогаш кога сте излезени некаде со своите пријатели, едвај чекате да се вратите дома и да го/ја прегрнете.

15. Тој/таа им дава одлични љубовни совети на вашите слободни пријатели. И тие го/ја слушаат бидејќи тоа што го зборува едноставно има смисла.

16. Вашиот партнер ги знае сите ваши приказни и не му пречи кога ги повторувате, баш напротив – тој/таа секој пат со истото внимание ги слуша.

17. Тој/таа ве пофалува за вашите постигнување кога вие не се чувствувате доволно сигурни за да ги споделите со останатите луѓе.

18. Имате интерни шеги кои само вие двајца си ги знаете. И тие се урнебесни, дури и кога станува збор за некоја навидум обична работа.

19. Тој/таа ве познава толку добро што доволен е само еден поглед за да сфати дека сакате веднаш да си одите. Вашиот партнер едноставно знае да ви ги чита мислите.

20. Вашиот партнер ве обожава во секое светло, без разлика дали сте бушави во раните утрински часови, настинати со црвен нос или пак, средени од глава до пети.

21. Имате свои нагалени имиња кои постојано ги употребувате и кои прават да се чувствувате посебно.

22. Тој/таа помни сѐ што ќе му/ѝ кажете и одвреме-навреме знае да ве изненади со мали нешта како вашето омилено чоколадо или пак, книгата која долго време сте планирале да си ја купите.

23. Тој ги знае зборовите на вашите омилени песни од Бијонсе, а таа ги знае сите членови на вашиот омилен фудбалски тим, Но, не затоа што тоа го сака туку затоа што ве слушал/а со внимание кога сте пееле или кога сте зборувале за нив.

24. Кога сте испиле малку повеќе, тој/таа е секогаш тука за да ви помогне да го соблечете капутот и удобно да се наместите во вашиот кревет.

25. Кога сѐ што ви е потребно е само некој да ве ислуша и покрај кој ќе можете слободно да се исплачете, вашиот партнер ќе ги откаже сите планови и ќе биде покрај вас без разлика на тоа колку време ќе ви биде потребно.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар