25 правила за исхраната кои можеме да ги научиме од Французите

Во Франција, мудроста за храна, здравје и задоволство никогаш нема да биде отфрлена од модерните „совети“ кои скоро никогаш не успеваат. Токму затоа воопшто не е чудно што таму има 50% помалку луѓе со прекумерна тежина од Америка, Австралија и Нов Зеланд. Добрите вести се што не мора да живеете во Франција со цел да ги почувствувате придобивките од нивната исхрана. Доволно е само да ги следите овие 25 едноставни правила…

25 правила за исхраната кои можеме да ги научиме од Французите

1. Престанете да се лишувате од храна. Најважното правило да бидете слаби како Французите е доколку никогаш не се лишувате од онаа храна која ви ја бара душата.

2. Ценете ја храната. Таа е уметност.

3. Секогаш јадете на маса. И никогаш не јадете во движење.

4. Успорете. Спуштете ја виљушката по секој залак и не брзајте додека јадете.

5. Јадете вистинска, локална, свежа и необработена храна. Колку што можете повеќе.

6. Балансирајте ги вашите оброци. Доколку почувствувате дека малку сте претерале со еден оброк, направете баланс така што следниот ќе биде помал.

7. Никогаш не се помирувајте со второто најдобро. Станува збор за квалитет, не за квантитет.

8. Имајте 3 оброци на ден. Не 2, не 6. Потребни ви се точно 3.

9. Поставете си време за јадење и почитувајте го тоа. Вие ќе го навикнете вашиот организам да биде гладен само тогаш, па токму затоа нема да имате потреба за ужина помеѓу оброците.

10. Секогаш јадете салати. Барем еднаш дневно покрај главното јадење, направете си и зелена салата.

11. Подготвувајте ги вашите омилени оброци. Бидете горди на храната со која го негувате вашето тело.

12. Никогаш не гответе кога сте под стрес или лути. Вие ќе додадете многу негативни емоции во вашата храна, а тоа воопшто нема да му помогне на вашето тело.

13. Џвакајте многу. Вашиот стомак нема заби.

14. Направете ја храната ваш пријател. Храната не е непријателот, па токму затоа не треба да чувствувате вина додека јадете. Вие треба да чувствувате само задоволство и среќа.

15. Направете ја убава. Свежина, квалитет, вкус, текстура, визуелна варијација, боја и презентација – сите овие нешта можат да придонесат за вашето задоволство.

16. Бидете присутни. Не јадете како несвесни роботи само затоа што мора да јадете. Бидете свесни за она што го внесувате во вашето тело и ценете го секој залак.

17. Споделете ги вашите оброци и уживајте во нив. Храната е љубов, па токму затоа споделувајте ги вашите оброци колку што можете повеќе со семејството и пријателите.

18. Уживајте во десерт секојдневно. Секако, не треба да претерувате, но еден мал десерт на ден може многу да ви помогне.

19. Јадете јаглехидрати. Но, оние добрите (цели зрна, овес, грав, зеленчук, јаткасти плодови) со цел да го спречите прејадувањето и да ја подобрите вашата енергија.

20. Јадете маснотии за да ги отстраните маснотиите. Органското маслиново масло, органскиот путер и кокосовото масло ќе ви помогнат да го забрзате вашиот метаболизам.

21. Ужина само доколку сте навистина гладни. Не затоа што ви е досадно, затоа што сте под стрес или затоа што сте гледале вкусна реклама за чоколадо.

22. Јадете сирење секојдневно. Сирењето е одлично помагало за дигестивниот систем и истовремено е богато со калциум, протеини и здрави маснотии.

23. Обожувајте ја водата. Хидратацијата е клучна за општото здравје. Кога пиете повеќе вода, вие се чувствувате подобро, вашата кожа сјае и вашето тело подобро ја вари храната.

24. Кажете им „не“ на благите пијалаци. Овошните сокови, енергетските пијалаци и газираните сокови се токсични. За време на оброците, пијте само вода или добро квалитетно црвено вино.

25. Шетајте, шетајте, шетајте… Французите одат многу, можеби и над 10.000 чекори дневно. Едноставно излезете надвор и движете се што е можно повеќе.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар