25 непријатни работи кои треба да ги запомните за да не ви биде криво за вашите 20-ти

20-тите се години во кои созревате, ги откривате вашите соништа и тргнувате по вашиот пат. Важно е да ги запомните овие работи за да го извлечете најдоброто од овој период. Не дозволувајте да ви биде криво кога во иднина ќе погледнете назад кон овие години. Станете најдобрата верзија од себе.

(1)25-raboti-koi-treba-da-gi-zapomnite-za-da-ne-vi-bide-krivo-za-vashite-20-ti-kafepauza.mk

1. Бидете подготвени да кажете ако нешто не ви се допаѓа. Без разлика дали станува збор за работното место или пак за вашиот љубовен живот, важно е да преземете нешто кога работите не се одвиваат како што сакате. Ако не им кажете на другите дека нешто не е во ред, работите никогаш нема да се променат.

2. Бидете отворени и подготвени да се посветите на нешто во коешто верувате. Направете сè што е во ваша моќ за да го остварите замисленото. Притоа, немојте да размислувате што ќе кажат другите за тоа.

3. Одлучете дали сакате да останете исти или пак сакате лична промена и созревање. Лесно е да се помирите со личноста којашто сте и да не се грижите за иднината, но размислете дали сакате да бидете такви целиот ваш живот. Дали сметате дека тоа е доволно? Ако одговорот е не, тогаш е време да ги направите промените кои ги сакате.

4. Одредете ги вашите приоритети и движете се кон нив. Посветувањето на работите кои не ви се важни е само залудно трошење на вашето време.

5. Добро размислете што би правеле ако не постојат смартфоните, односно социјалните мрежи. Живејте го вашиот живот како што вие сакате, а не како што бара „публиката“ на Интернет.

(2)25-raboti-koi-treba-da-gi-zapomnite-za-da-ne-vi-bide-krivo-za-vashite-20-ti-kafepauza.mk

6. Нема потреба претерано да реагирате за сè. Со тоа само ја трошите вашата ментална, емоционална и физичка енергија.

7. Обидете се да бидете информативни и интересни. Луѓето треба да сакаат да разговараат со вас бидејќи навистина имате нешто да кажете, освен само да ги судите другите.

8. Издигнете се над физичкиот изглед. Премногу дебели, премногу слаби, одреден вид кожа… овие работи и не се толку важни.

9. Наместо постојано да зборувате за себе, обидете се да дознаете нешто и за другите луѓе. Тие, со нивните искуства и соништа, можат да ве научат многу.

10. Настојувајте повеќе да бидете емпат отколку интелектуалец. Ова не значи дека е лошо да имате свое мислење за другите, но ако бидете подобри кон другите навистина ќе го направите светот поубаво место.

(3)25-raboti-koi-treba-da-gi-zapomnite-za-da-ne-vi-bide-krivo-za-vashite-20-ti-kafepauza.mk

11. Немојте да бидете премногу строги кон себе. Секој од нас има соништа и многу малку време да ги оствари. Но, ќе ви биде навистина криво ако во тоа остварување сте заборавиле да живеете во моментот.

12. Читајте повеќе. Иако сметате дека немате време, книгите секогаш ќе бидат вашите најдобри пријатели.

13. Сакате вашиот живот да биде вреден и другите да ве запомнат? Ова е многу едноставно – однесувајте се добро кон сите. Немојте да имате скриени намери. Нема да се разочарате од резултатите.

14. Престанете да се кочите. Направете сè што сте сакале, и немојте да одложувате за некој друг ден.

15. Престанете да мечтаете за совршената врска и почнете да работите на неа. Врските бараат труд. Ако постојано се откажувате од луѓето мислејќи дека тие не се совршени, секогаш ќе се разочарувате.

(4)25-raboti-koi-treba-da-gi-zapomnite-za-da-ne-vi-bide-krivo-za-vashite-20-ti-kafepauza.mk

16. Неразумното трошење можеби ви изгледа забавно, но не е. Ако научите да живеете среќно со она малку што го имате, ќе ви биде многу полесно и поубаво кога ќе имате повеќе.

17. Не обидувајте се да постигнете одредени бројки, без разлика дали станува збор за вашата тежина, оценки или плата. Квалитетот на вашиот живот се одредува според вашите навики, а не според целите кои можеби, а може и не сте ги оствариле.

18. За да не се изгубите кога ќе ги следите вашите соништа, направете листа од работите кои ви се најважни. Оваа листа нека ви биде водич кога ќе треба да донесете некоја тешка одлука.

19. Рушењето мостови изгледа забавно, но не е. Многу е подобро мирно да се одделите од некои луѓе, места или некоја работа наместо да правите сцени.

20. Барајте ја вистината. Ако кога било се сомневате за нешто, немојте да се двоумите да прашате.

(5)25-raboti-koi-treba-da-gi-zapomnite-za-da-ne-vi-bide-krivo-za-vashite-20-ti-kafepauza.mk

21. Наместо да ја прикривате вашата несигурност и неудобност со ситници, обидете се да го пронајдете изворот на овие чувства. Брзите и моменталните решенија на големите проблеми ви се само пречки кон вистинскиот пат.

22. Размислете кои се особините кај другите кои не ги сакате. Иако звучи чудно, но ние најчесто мразиме нешта кај другите кои се и наши недостатоци.

23. Немојте да се плашите да ја напуштите вашата зона на комфор. Барајте цел во вашиот живот наместо само задоволство. Задоволството само ја намалува вашата неудобност. Целта го прави тоа, но и ќе ви помогне да најдете начин да ја отстраните.

24. Социјалните мрежи не се нешто со коешто треба да го споредувате вашиот живот. Вашиот живот е ваша реалност, а секој знае дека животот на социјалните мрежи најчесто е лага.

25. Почнете да го живеете животот во сегашноста. Направете го она што е потребно сега. Среќата доаѓа од внатре и ниту парите, ниту статусот ниту пак некоја друга личност може да го промени тоа. Ако не можете да бидете среќни со себе, не можете да биде среќни со никој.

Погледнете ги и овие важни работи кои е добро да ги знаете во вашите 20-ти.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар