25 мали, но прекрасни начини да му покажете почит на вашиот партнер

25 мали, но прекрасни начини да му покажете почит на вашиот партнер

Љубовната врска може да биде успешна само ако постои взаемна почит меѓу партнерите. Почитта е можеби дури и поважна од љубовта. Секој меѓучовечки однос треба да се заснова на почит, бидејќи токму тоа го поттикнува развојот на довербата, лојалноста и грижливоста. А сите знаеме дека без овие елементи, љубовната врска е осудена на пропаст. Сепак, понекогаш се случува несвесно да покажете непочитување кон партнерот. Следниве 25 едноставни совети ќе ви помогнат секогаш да покажувате почит во врската за таа да може да се развива и цути…

25 мали, но прекрасни начини да му покажете почит на вашиот партнер

1. Слушајте ги внимателно потребите, желбите и грижите на вашиот сакан или сакана.

2. Покажете им дека сте ги забележале нивните потреби, желби и грижи со тоа што ќе преземете нешто во врска со нив.

3. Кога вашиот партнер отворено ќе побара нешто од вас, одговорете на тоа и исполнете го барањето на време. Немојте да одложувате!

4. Кажувајте ѝ на саканата личност колку ја цените и колку сте ѝ благодарни, не само поради тоа што го прави, туку и поради тоа што постои.

5. Кога сакате да користите хумор за да ја разбудите смеата во врската, внимавајте да не го повредите партнерот со остри забелешки. Дозволено е само невино задевање.

6. Правете споредби само за да ги потенцирате силните страни на вашиот партнер и неговите таленти.

7. Постојат некои интимни детали кои само вие сте привилегирани да ги знаете. Никогаш немојте да ја нарушите довербата.

8. Внимателно разговарајте со партнерот за да ги решите вашите несогласувања.

9. Кога сакате да се пожалите поради нешто, внимавајте да не почнете со критикување.

10. Заменете го остриот сарказам со нежни зборови.

11. Разговарајте директно со партнерот, наместо да го споделувате вашето незадоволство со други луѓе.

12. Исфрлете ги сите форми на презир, вклучувајќи го и превртувањето со очи.

13. Одбегнувајте го нетрпеливиот и агресивниот начин на комуникација.

25 мали, но прекрасни начини да му покажете почит на вашиот партнер

14. Кога вашиот партнер ќе направи некој погрешен избор, бидете сочувствителни и дајте му поддршка со зборовите: „Сите правиме грешки, но добро е што можеме да научиме нешто од нив“.

15. Покажете дека ги цените интересните понуди на вашиот сакан или сакана со охрабрувачки зборови како на пример: „Полн/а си со добри идеи!“.

16. Прилагодете се на животниот стил на вашиот партнер. Погледнете ги работите од друга перспектива.

17. Уверете го партнерот дека има простор за повеќе различни мислења.

18. Поддржувајте ги изборите на вашиот партнер секогаш кога ќе можете.

19. Ценете ги финансиските придонеси на вашиот партнер за семејните трошоци.

20. Ценете го тоа што партнерот ви го дава во животот на емоционално ниво.

21. Кога ќе направите некоја грешка, извинете се што е можно побрзо.

22. Преземете одговорност доколку сте го повредиле партнерот. Научете нешто од вашата грешка, за да не го повторувате истото понатаму во врската.

23. Простете му на партнерот доколку тој направил грешка.

24. Кажете ѝ на саканата личност дека сте горди на неа.

25. Покажете ја вашата почит кон партнерот пред другите во јавност.

Не заборавајте да му кажете на саканиот или саканата дека сте пресреќни поради врската што ја градите заедно и што се дел од вашиот живот. Ако ги следите овие едноставни совети, ќе ја збогатите врската и ќе почувствувате љубов каква што никогаш не сте ни замислувале дека постои. Почнете да ги применувате правилата уште денес и уживајте во времето поминато со љубените.

Доколку навистина сакате да ја зацврстите вашата љубовна врска, дознајте како да му покажете безусловна љубов на партнерот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар