25 факти кои ги поништуваат познатите митови за здрава исхрана

25 факти кои ги поништуваат познатите митови за здрава исхрана

Една од најконтроверзните теми денес е како всушност изгледа здравата исхрана. Постојат безброј митови и недоразбирања. Овие 24 факти ќе ви помогнат да го смените вашиот став кон одредени прехранбени производи и полесно да го направите вашиот план за исхрана.

25 факти кои ги поништуваат познатите митови за здрава исхрана

1. Налепниците на овошјето и зеленчукот се јадат

Администрацијата за храна и лекови препорачува да го миете овошјето и зеленчукот пред јадење и не забранува да се јадат налепниците. Тие, како и лепакот со кој се залепени, се безбедни ако ги проголтате, но најдобро е да ги отстраните.

2. За појадок е подобро да изедете парче пица отколку житарици

Диетичарот Челси Амер направил истражување кое докажува дека парчето пица е подобар појадок од житариците бидејќи содржи повеќе протеини и свежи состојки. Исто така има и помалку шеќер од житариците. Ваквиот појадок не содржи доволно протеини и масти, но навистина има многу шеќер.

3. Лутата храна го продолжува животот

Едно истражување од Харвард покажало дека јадењето лута храна барем еднаш дневно го намалува ризикот од смрт за 14%. Некои други истражувања покажале дека биоактивните состојки во лутата храна го намалуваат лошиот холестерол и триглицеридите.

4. Конзервираната риба е подобра од конзервирано месо

Конзервираната храна не е многу здрава. Ова најмногу важи за местото, но не и за рибата. Рибата како сардина или лосос е одличен извор на калциум бидејќи можете да ги јадете малите коски кои се доволно меки и не предизвикуваат проблеми.

5. Доматите го губат вкусот во фрижидер

Едно ново истражување покажало дека чувањето домати на температура пониска од 12 степени Целзиусови ја попречува нивната состојба да произведуваат супстанца која влијае на вкусот и аромата. Поради ова најдобро е да ги чувате доматите на темно место, надвор од фрижидерот.

25 факти кои ги поништуваат познатите митови за здрава исхрана

6. Лимонот има повеќе шеќер од јагодите

Јагодите содржат 40% шеќер, додека лимонот има речиси 2 пати повеќе. Сепак, поради цитрусната киселина ова е тешко да се забележи. Ова количество шеќер би можело да предизвика дебелина доколку го консумирате често. Сепак, веројатноста за тоа е мала поради киселината.

7. Рокот на траење на млекото нема врска со презервативи

Многумина мислат дека млекото кое трае подолго е полно со презервативи. Сепак, ова не е вистина. Тајната е употреба на посебна температурна технологија. Млекото се загрева до 135 степени Целзиусови, а потоа брзо се лади. На овој начин се уништуваат бактериите, а се задржуваат витамините. Млекото може да трае 120 дена затворено, или 4 дена по отворање.

8. Матеницата е добра за мамурлак

Знаевте ли дека во матеницата има 0,04% до 0,05% етанол? Сепак, поради витаминот Б, фолната киселина и „добрите“ бактерии овој пијалак го ослободува вашето тело од алкохолот и ги ублажува симптомите на мамурлак.

9. Микробрановата печка е најдобар начин да ги зачувате витамините и минералите во зеленчукот

Најдобриот начин да ги зачувате здравите хранливи материи во храната е да ја загреете што е можно пократко со многу малку течност. Микробрановата го прави ова најдобро. Кога готвите во микробранова, покријте ја храната за да создадете пареа.

10. Грозјето експлодира во микробранова печка

Ако пресечете зрно грозје на половина и го ставите во микробранова, ќе видите плазма. Причината за ова е што грозјето е премногу мало, а електромагнетните бранови се премногу концентрирани. Па, ако поради некоја причина треба да стоплите грозје, не правете го тоа во микробранова.

25 факти кои ги поништуваат познатите митови за здрава исхрана

11. Лососот одгледан на фарма е бел

Дивиот лосос има природно розова боја бидејќи консумира многу ракчиња. Кога се одгледува на фарма, тој се храни со многу поразлична храна, па месото има речиси бела боја. За да ја променат бојата, производителите користат разни пигменти на боја.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар