24 работи што секоја жена треба да ги направи пред да се омажи

24 работи што секоја жена треба да ги направи пред да се омажи

Сите жени сакаат да го пронајдат вистинскиот и порано или подоцна да се омажат. Тие уште од мали нозе ја замислуваат сопствената свадба и венчаница. Но, тоа не значи дека треба да избрзате и да ги пропуштите сите можности што ви ги нудат најубавите независни години од животот! Ова се 24-те работи што треба да ги направите пред да „рипнете во тавче“…

24 работи што секоја жена треба да ги направи пред да се омажи

1. Треба да живеете сами, макар неколку месеци или години.

2. Треба да излезете на љубовен состанок со „лошото“ момче кое вашите родители не го одобруваат. Чисто колку да видите дека не пропуштате ништо.

3. Треба да отворите штедна книшка.

4. И да си купите нешто повредно, како на пример автомобил или добар лаптоп.

5. Треба да научите да зготвите барем 5 вкусни јадења.

6. Треба да научите како да отстранувате тврдокорни дамки, не поради половите предрасуди за улогата на жената во домот, туку затоа што вие сте дама и вашата облека секогаш треба да биде беспрекорно чиста.

7. Треба да научите како да го браните сопствениот став на смирен и самоуверен начин.

8. И како да ја користите машината за перење алишта, без да ги офарбате сите бели парчиња облека.

9. Треба да отидете на патување сами. Можете да го направите тоа и во границите на вашата земја.

10. Треба да се соочите со еден од вашите стравови, како на пример летање со авион!

11. Треба да си најдете ново хоби. Почнете да фотографирате, пеете, танцувате… Што било!

12. Треба да ја започнете вашата кариера од соништата.

24 работи што секоја жена треба да ги направи пред да се омажи

13. Треба да дознаете дали сакате да имате деца.

14. Треба постојано да бидете информирани и во тек со сите најнови случувања.

15. Треба да знаете како да кажете „Не“ кога ќе бидете презафатени или преуморни и едноставно не можете да се нафатите за уште повеќе обврски.

16. Но, треба да знаете и кога да кажете „Да“. Којзнае што ќе се случи ако ја прифатите поканата за оној настан што ви се чини неверојатно здодевен?!

17. Треба да ги цените вашите пријатели. Секогаш одвојувајте време за заеднички дружби.

18. Но, научете и како да уживате во сопственото друштво. Добрата книга и креветот се понекогаш совршениот избор за тоа како да ја поминете саботната вечер.

19. Треба да поминувате повеќе време со вашите родители.

20. И да ги прифатите нивните добронамерни совети.

21. Треба да научите како да пиете алкохол паметно и умерено.

22. И да откриете кој пијалак најмногу ви годи.

23. Треба да имате една модна комбинација, чевли и кармин кои ќе ви помогнат секогаш да се претставувате во најдобро светло и да оставате позитивен впечаток.

24. Треба добро да знаете кои се вашите приоритети. Понекогаш треба да ги одберете пријателките наместо партнерот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар