23 брзи и едноставни начини да се изборите со стресот

23 брзи и едноставни начини да се изборите со стресот

Живееме во време кога на некој начин е сосема нормално да сме постојано под стрес. Но, долготрајното изложување на стрес може да резултира со многу негативни последици врз вашето тело и здравје. Погледнете ги наредниве неколку брзи и едноставни начини на кои можете да се ослободите од стресот…

23 брзи и едноставни начини да се изборите со стресот

1. Излезете на свеж воздух и почувствувајте го сонцето на вашето лице.

2. Почнете да вежбате јога.

3. Трчајте, возете велосипед, пливајте, танцувајте – одберете ја која било активност од која добро ќе се испотите. Со физичката активност ќе ослободите ендорфин во вашето тело кој потоа ќе го подобри вашето расположение.

4. Запалете ароматераписка свеќа.

5. Намачкајте есенцијално масло од лаванда или камилица на вашите зглобови.

6. Напијте се чај кој смирува, како на пример, од камилица.

7. Џвакајте мастики без шеќер.

8. Уживајте во неколку коцки од темно чоколадо.

9. Испијте зелено смуди кое е преполно со хранливи материи. Тоа истовремено и ќе ве освежи и ќе ви даде енергија.

10. Наполнете ја кадата со топла вода и додадете ѝ морска сол.

11. Медитирајте.

12. Додека се туширате со топла вода, обидете се да не мислите на ништо друго.

13. Затворете ги очите и фокусирајте се на опуштање на вашите мускули. Почнете полека, еден по еден.

14. Направете мала пауза од технологијата, особено од вашиот смартфон.

15. Јавете се на некој стар пријател или член од семејството. Овој разговор може да ви помогне да ги погледнете работите од друга перспектива, да ве насмее и да ви помогне да се ослободите од стресот.

16. Поиграјте си со животно.

17. Насмејте се, дури и ако треба да се натерате. По неколку секунди ќе почувствувате вистинска среќа.

18. Стуткајте се до вашиот партнер, прегрнете го и бакнете го. На овој начин ќе ги оттргнете хормоните на стрес и ќе ги зголемите позитивните чувства.

19. Запишете ги своите негативни чувства и потоа фрлете ги или запалете ги.

20. За подолготраен ефект, започнете дневник на благодарноста. Во него секојдневно запишувајте ги оние нешта за кои сте благодарни. На овој начин постојано ќе имате причина да се радувате.

21. Размислете разумно и направете листа од најважните активности кои мора да ги направите и нештата кои едноставно не можете да ги промените.

22. Најдете видеа на Јутјуб кои ќе ве насмеат или погледнете ја нашата медијатека.

23. Пејте гласно.

Кој е вашиот омилен начин на борба против стресот? Споделете со нас во коментарите подолу.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар