22 едноставни трикови што ќе ви помогнат да си го разубавите денот

Непознат човек ве опцул додека сте оделе во продавница, рокот за завршување на работниот проект штотуку поминал и како капак на сѐ, вашиот партнер ве игнорира. Седите пред компјутер и убедени сте дека ова е најлошиот ден во вашиот живот. Но, не очајувајте! Постојат 22 едноставни трикови што ќе извлечат насмевка од вашето лице и ќе ви го разубават денот…

22 едноставни трикови што ќе ви помогнат да си го разубавите денот

1. Гледајте видеа од од слатки кучиња и мачиња.

2. Седнете во најсончевиот дел од вашиот дом и дозволете им на сончевите зраци да ви загреат телото.

3. Тргнете ја косата од лицето и соберете ја во пунџа или репче.

4. За дамите: Ставете си кармин. За момците: Средете си ја брадата.

5. Потоа, облечете ги вашите омилени обувки!

6. Погледнете некој мотивациски говор.

7. Кажете си кратка афирмација пред огледало. Доволно е само да си намигнете или насмевнете.

8. Направете спонтано добро дело, без разлика дали ќе ја придржите вратата некому или ќе ѝ помогнете на некоја старица да ги однесе торбите до дома.

9. Исклучете се од социјалните мрежи. „Прекрасниот“ живот на вашата омилена блогерка нема да ви помогне да се чувствувате подобро.

10. Побарајте некаков зелен простор (клупа во парк, тревник и слично) и уживајте 15 минути во свежиот воздух и природна убавина.

11. Размислувајте за бебиња. Кога луѓето се однесуваат лошо, треба да се потсетите дека најверојатно се уморни или гладни.

(2) 22 едноставни трикови што ќе ви помогнат да си го разубавите денот

12. Завршете некоја обврска и почестете се некој мал луксуз, како што е списание или украс за домот.

13. Организирајте си ја работната маса. Тоа првиот мал чекор на патот кон успехот!

14. Најдете некој лесен рецепт за брза храна и згответе го за вечера. Поканете ги вашите најдобри пријатели да ви се придружат.

15. Пијте некој пријатен и утешителен пијалак, како на пример шолја чај или кафе и дозволете им на аромите и топлината да ве опијат.

16. Напишете кратка белешка за вашите 5 најдобри особини. Ставете ја во книга или фиока каде што само вие ќе можете да ја најдете.

17. Напишете го она што најмногу ве мачи (имате премногу проекти што треба да ги завршите, на пример) и опишете го првиот чекор што треба да го преземете за да го решите проблемот.

18. Пијте многу вода – хидрирањето е најдобриот и најлесниот начин да се чувствувате добро во своето тело.

19. Гледајте смешни видеа на Јутјуб.

20. Завршете нешто што одамна сте мислеле да го почнете (како на пример, да ги платите сметките или да почнете со хуманитарна работа) и почувствувајте како се симнува товарот од вашите рамена.

21. Посветете си го целиот ден на себе и одете во спа центар.

22. Измерете си го пулсот. Живи сте и енергични.

Се расположивте малку? Така и си мислевме!

Сега откако се чувствувате подобро, прочитајте ги и следниве 25 едноставни добри дела со кои некому ќе можете да му го разубавите денот.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар