2017-та официјално започна: Одберете го главниот збор според кој ќе се водите во новата година

2017-та официјално започна: Одберете го главниот збор според кој ќе се водите во новата година

Подготвени сте да ја започнете новата година? Можеби сте си поставиле повеќе цели и сте направиле еден куп планови за годината која следува, но за да ви бидат нештата појасни, најлесно е да тргнете од еден единствен збор кој ќе биде вашата главна тема во 2017-та. Спознајте се себеси и пронајдете го вашиот збор. Овие три совети ќе ви помогнат да откриете кој е вашиот збор за 2017 година…

2017-та официјално започна: Одберете го главниот збор според кој ќе се водите во новата година

1. Запрашајте се

Седнете во тишина и запрашајте се: „Кој е мојот збор за 2017 година? Дали постои збор од кој би можел/а да извлечам корист, ако се фокусирам на него?“ Погледнете ги следниве неколку предлози кои можеби ќе ви помогнат да го одберете вашиот збор: Храброст, доверба, верба, љубов, сон, рамнотежа, разум, одмор, слобода.

2. Послужете се со некоја книга

Доколку не можете да се сетите на ништо, обидете се со овој трик. Земете ја која било книга од вашите полици и затворете ги очите. Размислувајте за вашиот збор на годината и отворете ја книгата на некоја страница по случаен избор. Зборот што најпрво ќе ви „фати“ око нека биде вашата главна тема годинава.

3. Медитирајте

Кога ќе се сетите на некој збор, обидете се да ја почувствувате неговата енергија. Како се чувствувате кога размислувате за него? Дали ви нуди можност за учење и личен развој? Дали може да ве насочи на вистинскиот пат во 2017 година? Доколку можете потврдно да одговорите на овие прашања, тоа е знак дека се движите во вистинскиот правец. Не губете мотивација ако се почувствувате исплашени. Тоа е показател дека следува промена.

Забавувајте се во текот на целиот процес додека го одбирате зборот и можеби ќе се изненадите од тоа каде ќе стигнете. Имајте Среќна нова 2017-та година, исполнета со многу успеси и личен напредок!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар