20 знаци дека вашиот живот е подобар отколку што мислите

20 знаци дека вашиот живот е подобар отколку што мислите

Изреката „Вие сте вашиот најдобар критичар“ е многу вистинита. Во обидот да станеме подобри личности ние никогаш не се чувствуваме премногу гордо и не им даваме значење на нашите достигнувања. Ова однесување не помага да се чувствуваме подобро, всушност нè тера да мислиме дека што и да правиме, никогаш не е доволно.

20-znaci-deka-vashiot-zhivot-e-podobar-otkolku-shto-mislite-kafepauza.mk

Но понекогаш е добро да знаете дека сите ваши напори се исплатат. Ако ви треба потсетник за тоа, прочитајте ги овие 20 знаци кои покажуваат дека вашиот живот е многу подобар отколку што мислевте.

1. Се разбудивте

Секој ден имате избор да се разбудите и да се соочите со светот. Дури и ако станете еден час подоцна, станувањето од креветот наутро е големо достигнување за некои луѓе.

2. Синоќа сте успеале да заспиете

Иако сте можеле да останете будни цела ноќ грижејќи се за малите работи, вие сте успеале да заспиете. Можеби ви звучи како пораз, но дури и ова е избор да ги заборавите денешните грижи и да се обидете повторно утре.

3. Ги имате основните работи

Понекогаш забораваме колку всушност имаме. На пример, покрив над нашата глава, дури и ако станува збор за некој мал стан. Потоа храна, дури и ако е останатиот ручек од вчера. Исто така и облека, дури и ако е некоја стара блуза. Погледнете наоколу и забележете ги сите мали работи кои ги имате наместо големите кои ги немате.

4. Шминка? Не ви е потребна

Имањето време да се нашминкате понекогаш изгледа како шега. Но откако ќе се откажете од неа на неколку недели, ќе сфатите дека сте убави и без неа.

5. Можете сами да ги донесувате вашите одлуки

Оваа помисла може да биде стресна кога имате многу одлуки за донесување, но ова е знак дека ја имате слободата сами да ја одберете вашата судбина.

6. Можете да читате

Ова е една од малите работи која сите ја земаме здраво за готово. Ако го читате овој текст, значи вие сте писмени. Вие сте со поголемо образование од милиони луѓе во светот кои никогаш немаат можност да отворат книга или да ја прочитаат декларацијата на некој производ.

7. Пешачењето е вежбање, нели?

Кому му е грижа што денес не сте отишле во теретана? Запомнете дека сте станале од креветот, сте трчале по вашето дете, сте талкале низ продавницата барајќи некој производ… Не е секогаш потребно членство во теретана за да бидете активни.

8. Сте поминале долг пат

Размислете каде сте биле пред 5 години. Секој од нас има моменти кога се чувствува разочарано од животот, но кога ќе погледнете колкав пат сте поминале ќе сфатите дека вашиот живот не тапка во место.

9. Ги измивте забите

Можеби не ја измивте косата, но сте успеале да ги измиете вашите заби. Понекогаш тоа е доволно за да го поминете денот со самодоверба.

10. Денес никој не заврши во болница

Во деновите кога мислите дека вашите деца ќе се убијат, запомнете дека ниту едно од нив не е повредено. И тоа е успех!

11. Не се откажувате

Секој чекор напред, без разлика колку е мал, е чекор кон вистинската насока.

12. Знаете што сакате

Дури и кога немате сè што сте посакувале, барем знаете што е тоа. Имате некоја насока, нешто што ве мотивира.

13. Технологијата не е несовладлива

Можеби ви бил потребен цел ден за да сфатите како работи рутерот за Интернет, но тоа е во ред. Доволно сте запознаени со технологијата за да можете да го читате овој текст.

14. Сè уште се смеете

Без разлика дали се смеете на самите себе или на некое смешно видео, вие продолжувате да наоѓате причина за цртање насмевка на вашето лице.

15. Не сте сами

Луѓето за кои се грижите, се грижат за вас. Тие остануваат со вас и ве сакаат, без разлика што мислите за себе.

16. Работите излегле како што треба

Не заборавајте дека сте ги преживеале и деновите кои сте мислеле дека нема да можете.

17. Сакате да бидете подобри

Ако сте обесхрабрени од насоката кон која се движи вашиот живот, тоа значи дека имате желба за нешто подобро. Ова може да ви биде слабост ако си дозволите да бидете незадоволни во секоја ситуација. Но, ако ова ви е надеж за подобар живот, тоа ќе биде вашата силна страна.

18. Имате некаков распоред

Тој распоред можеби ве полудува, но ако имате места на кои треба да одите и ветувања кои треба да ги исполните, тоа значи дека вие сте значајни. Да ги земете децата од училиште, да одите на ручек со пријателите или пак, да посетите родителска средба, значи дека вашето присуство се цени.

19. Вештините кои ги поседувате се од голема помош

Немојте да мислите дека вашите вештини се бескорисни. Способноста да пратите електронска порака, перењето облека, па дури и подготвувањето брз ручек се начини на кои помагате. Малите работи кои ги правите може да направат голема разлика за луѓето околу вас.

20. Вие сте вие

Вашиот живот е само ваш, а тоа е нешто на кое треба да се гордеете.

Погледнете ги и овие знаци кои покажуваат дека вашиот живот сепак е убав.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар