20 знаци дека сте успешни иако не сте свесни за тоа

Сите имаме периоди во животот кога чувствуваме дека тапкаме во место и дека не го даваме најдоброто од себе. Многу често не сфаќаме колку сме направиле и колку далеку сме стигнале. Доколку токму така се чувствувате во моментов, само размислете дека можеби сте успешни, но не сте свесни за тоа. Ова се 20 знаци дека сте постигнале многу повеќе отколку што мислите.

20 знаци дека сте успешни иако не сте свесни за тоа

1. Не дозволувате платата да ве ограничува и преокупира

Можеби не можете да си ја дозволите најскапата марка часовник во моментов, но барем не се грижите како ќе сврзете крај со крај до следната плата. Знаете дека секогаш може да добивате повеќе и дека во природата на човекот е ништо да не му е доволно, па затоа сте научиле да бидете среќни со она што го имате. Тоа значи дека не само што сте научиле како правилно да ги распоредувате парите за да не влезете во „дупка“, туку и знаете како да бидете задоволни и среќни без постојано да мислите на пари.

2. Не сте опседнати со потребата да се докажете

Ретко кога вашите реченици почнуваат со „јас“ и слушате повеќе одошто зборувате. Не чувствувате потреба да се докажете и покажете, едноставно сфаќате дека другите се оние кои треба да ги увидат вашите позитивни страни и вредности. Честитки, бидејќи успешен е токму оној кој нема потреба да се покаже и издигне себеси за да си го нахрани сопственото его.

3. Не драматизирате како порано

Знаете за неколку минути да се спакувате за викенд надвор од градот, умеете да поднесете доза на несовршенство без да експлодирате од бес и не си ги сфаќате работите толку сериозно. Ако порано драматизиравте за секоја ситница, сега едноставно верувате во себе и знаете дека сè ќе излезе како што треба.

4. Имате план

Едноставно знаете каде одите, кон што се движите, имате слика за себе по една година и знаете што сакате да остварите. Бидете горди на тоа, бидејќи има многу луѓе кои не знаат што сакаат и кои просто немаат план за себе.

5. Сакате да учите нови работи

Постојано сте жедни за знаење и искуство па ја користите секоја можна шанса. Ништо нема да ве запре и отворени сте на сè што е ново и корисно. Вашата желба за надградување е нескротлива и тоа само по себе е успех.

6. Ранобудници сте

Станувате рано со нескротлива желба да го освоите претстојниот ден наместо нескротлива мрза да останете во кревет.

7. Често сте социјално активни

Можеби не ви се излегува во секој момент, но многу често сте во интеракција со колеги, пријатели и роднини. Пријателските врски не само што придонесуваат за хармоничен живот, туку ве носат до нови познанства, ги шират вашите видици и ви помагаат да оформите корисни врски за во иднина. Потребните контакти нема да ви затропаат на врата, треба да ги најдете сами.

8. Ги почитувате луѓето

Без потреба да потцените некого за да се издигнете себеси, вие сте доволно исполнети за да ги вреднувате луѓето околу вас и во секого да најдете нешто позитивно.

9. Им помагате на другите

Вашата емпатија придонесува за вашиот хуман однос кон луѓето што ве исполнува и ви дава вредност во очите на другите.

10. Водени сте од страста за животот

Не знаете што е меланхолија. Вие како да сте приклучени на струја, едноставно итате кон успеси, знаења и унапредување. Тоа е страста која ја чувствувате за она што го работите и општо за животот.

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар