20 ретки егзотични овошја за кои сигурно немате слушнато

Бананите, портокалите и кивите се многу чести во текот на целата година. Сепак, постојат многу други овошја во светот што се издвојуваат со својата уникатност, па во продолжение ќе ги откриете оние кои се најтешки за наоѓање. Кој знае, можеби еден ден ќе се најдат и на вашата трпеза.

1. Черимоја

(1)20-retki-egzotichni-ovoshja-za-koi-sigurno-nemate-slushnato-kafepauza.mk

Ова овошје потсетува на сладолед повеќе од секое друго. Се топи во вашата уста и е познато по неговите лековити својства. Но, има еден недостаток, неговите семки се отровни.

2. Дуријан

(2)20-retki-egzotichni-ovoshja-za-koi-sigurno-nemate-slushnato-kafepauza.mk

Најнеобичното нешто кај ова овошје е неговата одвратна миризба во комбинација со прекрасниот вкус. Овошјето содржи органски сулфур, а тоа ја објаснува миризбата. Има вкус на јаткасти плодови и сирење со мали нијанси на други овошја. Може да предизвика нагло зголемување на крвниот притисок.

3. Нангка (или џекфрут)

(3)20-retki-egzotichni-ovoshja-za-koi-sigurno-nemate-slushnato-kafepauza.mk

Ова овошје може да достигне тежина и до 31 килограм и должина до 90 сантиметри. Неговиот вкус е мешавина од банана, ананас и манго, а неговите семки имаат вкус на чоколадо кога се пржени.

4. Бразилско грозје (или џабутикаба)

(4)20-retki-egzotichni-ovoshja-za-koi-sigurno-nemate-slushnato-kafepauza.mk

Неговиот вкус е сличен на грозјето и најчесто се користи за правење желе, вино и жестоки пијалаци. Неговата исушена лушпа е популарен третман за астма во Бразил.

5. Чудотворна бобинка

(5)20-retki-egzotichni-ovoshja-za-koi-sigurno-nemate-slushnato-kafepauza.mk

Овие бобинки изгледа имаат волшебни особини – изедете само една и сè што ќе јадете во наредниот час ќе ви изгледа слатко.

6. Црвени банани

(6)20-retki-egzotichni-ovoshja-za-koi-sigurno-nemate-slushnato-kafepauza.mk

Ова овошје има вкус на малина или на манго и содржи многу повеќе калиум, бета-каротен и витамин Ц од обичните банани.

Продолжува на следната страница…

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар