20 работи за кои ќе се покаете секогаш кога ќе ги направите

Понекогаш додека правиме некои работи не сфаќаме дека правиме големи грешки за кои подоцна ќе зажалиме, како во овие дваесет примери.

20 работи за кои ќе се покаете секогаш кога ќе ги направите

1. Ќе се покаете секогаш кога ќе прифатите да работите некоја работа само заради парите која таа ги носи.

2. Секогаш кога ќе пропуштите некоја можност за нешто плашејќи се од последиците, без оглед за што се работи.

3. Секогаш кога некому ќе напишете некаква порака додека сте многу лути. Тоа најчесто ќе бидат работи кои не ги мислите навистина.

4. Ќе се покаете секогаш кога ќе го изневерите партнерот. Нема оправдување за тоа.

5. Ќе зажалите ако му кажете на шефот дека наскоро ќе ја напуштите работата. Од тој момент последните денови на работа ќе ви станат многу потешки.

6. Секогаш кога ќе ја оставите настрана вашата страст од која било причина. Таа носи радост во животот и ќе се покаете ако се лишите од неа.

7. Ќе зажалите за времето кое сте пропуштиле да го поминете со оние кои ги сакате.

8. Секогаш кога предолго ќе останете на работно место кое не го сакате и од кое не можете да напредувате. Ќе зажалите ако не соберете доволно храброст за да ги смените работите на професионален план.

9. Ќе се покаете за секоја одлука која сте ја донеле под влијание на страв. По некое време ќе сфатите дека стравовите во најголем број од случаите се нeразумни.

10. Ако не се образувате од која било причина. Можен е убав живот и без образование, но патот е многу потежок.

11. Секогаш кога нема да ги искажете своите чувства. Искажете ја вашата радост, тага, желби и љубов и не ги потиснувајте додека се претворат во гнев.

12. Ако си дозволите да ги изгубите пријателствата. Тие бледеат ако не го негувате контактот, а по некое време целосно исчезнуваат.

13. Ќе зажалите за секој пат кога сте им викале на децата. Ќе се чувствувате виновни секогаш кога ќе ги натерате да го впијат вашиот стрес.

14. Секогаш кога ќе јадете поради стрес. Знаете зошто.

15. Ќе се каете за она што го постирате на Фејсбук и Инстаграм додека сте пијани кога можноста за расудување ви е битно редуцирана.

16. Ќе се каете и за моментите кога постирате статуси или коментирате на нешто со голема лутина. По некое време ќе се прашувате зошто сте морале јавно да го истурите сиот тој бес.

17. Кога со другите ќе споделите некоја тајна која некој ви ја доверил затоа што ви верувал. Каењето поради изневерување не е лесно.

18. Ќе зажалите кога ќе направите нешто само затоа што тоа го прават сите. Така само ќе се отуѓите од самите себе.

19. Секогаш кога ќе понижите некој друг. Ако не се покаете за тоа тогаш имате проблем со себе.

20. Ќе зажалите ако се обидувате да бидете некој друг кој не сте. На тој начин ќе ја изгубите личноста која навистина сте.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар