20 необични употреби на есенцијалните масла

20 необични употреби на есенцијалните масла

Денес постојат толку многу есенцијални масла што може да биде навистина тешко да го одберете вистинското. Секое масло има свои придобивки, па важно е да знаете барем дел од нив. Во продолжение погледнете некои од најнеобичните употреби на есенцијалните масла за кои малкумина знаат.

20 необични употреби на есенцијалните масла

1. Третирање модринки

Маслото арника е познато по тоа што ја зголемува циркулацијата на крвта и помага при модринки, отоци и воспаленија. Можете да го нанесете директно на модринката или пак да направите купка со него. Имајте на ум дека растението арника е отровно и не треба да го користите често, а никако не треба да го земате орално.

2. Намалување на главоболките

За да се ослободите од главоболката измешајте по неколку капки масло од нане, еукалиптус и лаванда. Нежно масирајте ја областа зад ушите, задниот дел од вратот, челото и под носот.

3. Масло против комарци

Користете масло од кедрово дрво, цитронела или каранфилче за да се ослободите од комарците. Можете да додадете неколку капки во кокосово масло, па потоа да се намачкате со него.

4. Чистење на домот

Заменете ги хемикалиите со еукалиптус или чајно дрво. Овие масла се одлични за дезинфекција. Најдобро е да ги растворите во алкохол, па да ги додадете во мешавина од оцет и вода.

5. Нега на кожата

Најдобрите масла за кожа се лаванда, јојоба, гераниум и шипинка. Додајте неколку капки масло во топол мед, оставете го на вашето лице 10-15 минути и исплакнете.

20 необични употреби на есенцијалните масла

6. Ослободување од непријатниот мирис во корпите за ѓубре

Ставете неколку капки масло од гераниум, грејпфрут или лимон во сода бикарбона и нанесете го на дното на корпата.

7. Нега на косата

Измешајте неколку капки масло од јојоба, ѓумбир, шипинка, лаванда, рузмарин и мајчина душица и нанесете на косата. Оставете ги маслата да делуваат 30 минути, па исплакнете.

8. Намалување на напнатоста

Можете да се ослободите од напнатоста со масажа со масло од лаванда. Масирајте ја областа под ушите, слепоочниците и здрвените мускули на вратот.

9. Освежување на фрижидерот

Употребете масло од лимета, грејпфрут или бергамот во фрижидерот по чистење. Свежината подолго ќе се задржи.

10. Чистење на бањата

За да го освежите воздухот во тоалетот употребете масло од лимон, грејпфрут, лаванда, рузмарин или гераниум.

20 необични употреби на есенцијалните масла

11. Отстранување тврдокорни дамки

Најдоброто масло за дамки е од лимон. Особено помага во отстранување дамки од восок, масло, гума за џвакање или лепак. Имајте на ум дека маслото од лимон е кисело и може да оштети пластика или да ја иритира кожата.

12. Освежете ги теписите

Додајте неколку капки масло од гераниум, лаванда, лимон или нане во сода бикарбона. Нанесете го на тепихот, оставете да делува 10-15 минути, па соберете го со правосмукалка.

13. Освежете ги крпите

Нанесете неколку капки од вашето омилено масло на парче материјал и ставете го во сушална со чисти крпи.

14. Релаксација

Ако ви е потребна релаксирачка купка, додајте камилица, лаванда или јасмин во водата и уживајте.

15. Останете будни

Ако сте изморени, но потребно е да останете будни, најдоброто масло е она од рузмарин. Најдобро е да чувате и шишенце од ова масло во вашиот автомобил ако е потребно да возите многу.

20 необични употреби на есенцијалните масла

16. Болни стапала

За да ја отстраните болката од стапалата на крајот од денот, додајте неколку капки масло од нане во купка за стапала.

17. Подобрете го имунитетот

Маслото од оригано може да го зајакне вашиот имунитет. Едноставно, измасирајте ги вашите стапала со маслото.

18. Детоксикација на телото

За да направите купка за детоксикација додајте неколку капки масло од рузмарин и смрека.

19. Опуштање на мускулите

Измешајте 30 милилитри зимзелено масло и 1 милилитар масло од нане со 120 милилитри алкохол. Нанесете ја смесата на болните места. Немојте да ја користите смесата веднаш по вежбање бидејќи може да предизвикате болка.

20. Клима уред

Освежете го воздухот со тоа што ќе ставите памучно топче натопено со есенцијално масло пред клима уредот.

Прочитајте и во кои ситуации не треба да користите есенцијални масла.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар