20 начини да си го направите денот незаборавен

Животот е полн со неизвесност и никогаш не можеме да знаеме што нè чека. Но, наместо да го поминуваме бесцелно и да мечтаеме по нештата, треба да го преземеме во свои раце и да живееме во моментот. Ова се 20 нешта кои можете да ги сторите за да создадете нови незаборавни спомени и денот да го паметите засекогаш.

20 начини да го направиш денот незаборавен

1. Пробајте нешто ново. Разновидноста навистина го зачинува животот. Во животот можете да направите или видите нешто милион пати, но во меморијата тоа се врежува првиот пат. Па, затоа денеска направете нешто што долго ќе го паметите.

2. Забавувајте се себеси со искуства од реалниот свет. Убавите спомени се секогаш поврзани со искуства од интересни случки во живиот свет. Исклучете го телевизорот и компјутерот и излезете надвор. Имајте интеракција со светот, почитувајте ја природата, примете ги едноставните задоволства кои ги нуди животот и уживајте.

3. Работете на нешто што е значајно за вас. Впуштете се во изработка на некој личен проект или пак направете нешто што одамна сте сакале, но никогаш не сте решиле да го направите. Животот е краток за да се троши бесцелно – денеска е денот кога ќе преземете акција.

4. Предизвикајте го вашето тело и вашиот ум. Научете некоја нова вештина и станете креативни. Изградете нешто сами од темел, без разлика за каква ситница станува збор. Поминете ги сопствените бариери и ослободете се од ограничувањата.

5. Сконцентрирајте се на помалку, но дадете сè од себе. Забавете и посветете внимание на она што го правите. Не трошете го времето лутајќи по здодевни работи. Направете го она што е навистина важно и денеска посветете му се со целата своја душа.

6. Кажете ѝ „да“ на некоја спонтана прилика. Сè во животот не може да биде испланирано. Најдобрите прилики се појавуваат кога најмалку очекувате. Бидете флексибилни и спонтани и впуштете се во новата авантура.

7. Довршете ја започнатата работа. Денеска е совршен ден да го довршите она нешто, кое одамна го имате започнато и оставено. Чувството на ослободување од товарот кој го носите во себе подолго време е неверојатно.

8. Документирајте го денот. Направете многу фотографии или пак запишете ги впечатоците во дневник. Овие нешта ќе ви бидат одличен потсетник за во иднина. Долго време потоа, фотографиите и написите во вашиот дневник ќе ви претставуваат драг спомен, потсетник на минатото и инспирација за понатамошен успех.

9. Смејте се и забележувајте го она што е добро. Сè што се случува во животот не е ниту добро ниту лошо. Сè зависи од која перспектива гледате на работите. На крајот секогаш излегува како што требало да биде, без разлика дали ќе успеете во нешто или ќе научите нешто ново. Затоа останете позитивни, ценете ги успесите и учете од грешките.

20 начини да го направиш денот незаборавен

10. Бидете автентични и свои. Џуди Гарланд еднаш рекла „Секогаш е подобро да бидеш прва верзија од себе, отколку да бидеш втора верзија од некој друг“. Ориентирајте се по оваа реченица. Не постои начин да живеете добро во туѓи чевли. Бидете свои, тоа е единствениот начин да живеете вистински.

11. Помогнете некому на кој му е потребна помош. Во животот ќе добиете, само доколку дадете. Кога ќе остварите позитивно влијание врз нечиј живот, остварувате позитивно влијание и врз вашиот. Направете нешто што е поголемо од вас, со што ќе му помогнете на некого да биде среќен или помалку да пати. Тоа ќе биде одлично наградувачко искуство, кое ќе го паметите вечно.

12. Земете учество во нешто во што верувате. Без разлика за што станува збор, психолошкиот исход е подеднаков и исполнувачки. Вложете се себеси во нешто во што верувате, а посветеноста ќе донесе среќа и значење во вашиот живот.

13. Споделувајте искуства и поминувајте време со блиските. Нема ништо подобро од присеќавањето на убавите спомени од животот со најблиските и луѓето кои ви значат и кои биле со вас во тие убави моменти од минатото.

14. Запознајте нов пријател. Луѓето се интересни суштества, кои меѓусебно се разликуваат. Запознајте нов човек денеска. Дознајте нешто повеќе за него и неговиот начин на живеење. Нивните идеи можат да ви ги отворат очите и да ви понудат нови перспективи.

15. Направете нешто забавно и смешно. Најубавите моменти во животот се секогаш поврзани со забава, смеа и среќа.

16. Направете нешто што одамна сакате. Сонот направете го реалност.

17. Простете некому и повторно поврзете се со таа личност. Омразата и завидливоста се совршено трошење на времето. Доколку постои некој во вашиот живот кој заслужува втора шанса, дадете му ја. Доколку вие треба да се извините некому, направете го тоа. Создадете среќен крај за вашата приказна.

18. Поминете повеќе време со деца. Децата живеат според нивните инстинкти без двоумење. Тие се ентузијасти, желни за знаење и љубопитни. Гледајте ги како си играат, како живеат, како создаваат и како поставуваат прашања. Впуштете се во нивната игра. Тоа ќе биде незаборавно искуство од кое можете да научите да бидете слободни и опуштени.

20 начини да го направиш денот незаборавен

19. Однесувајте се како денеска да е неверојатен ден. Чувствувајте се така и тоа ќе се оствари. Истражувањата покажуваат дека, иако сите мислиме дека се однесуваме како што се чувствуваме, всушност многу често се чувствуваме според начинот на кој се однесуваме. Позитивното однесување секогаш води кон убави искуства.

20. Бидете присутни и живејте во моментот. Последната точка всушност ги поврзува сите претходни. Не дозволувајте животот да ви бега. Не живејте во минатото и не оптоварувајте се со иднината. Запомнете, животот се случува сега и не треба да го пропуштите.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар