20 лаги во кои треба да престанете да верувате доколку сакате добар маж (и добар живот!)

20 лаги во кои треба да престанете да верувате доколку сакате добар маж (и добар живот!)

Поголемиот број луѓе би се согласиле дека лошо е чувството кога ве лажат, но кога се лажеме себеси, тоа е уште поголем вид предавство. Здравиот и среќен живот е изграден врз искреност, провидност и автентичност, па токму затоа и со личната измама си ги затвораме сите врати до одличен живот. Бидејќи никој не го сака тоа (ниту пак го заслужува), погледнете ги следниве 20 најчести лаги кои жените постојано си ги кажуваат самите на себе и кои мора веднаш да ги заборавите…

20 лаги во кои треба да престанете да верувате доколку сакате добар маж (и добар живот!)

1. Потребен ви е партнер за да ве исполнува и да ве направи вредни за љубов. Вие имате одговорност да живеете исполнет живот самите со себе, па токму тоа и ќе ве прави вредни за љубење.

2. Треба да останете во врска само затоа што долго време сте во неа. Без разлика колку се обидувате да најдете позитивна страна на врската која повеќе не ви одговара, тоа никогаш нема да се случи. Време е да продолжите понатаму.

3. Пријателството се состои од пијани излегувања и лајкови на Фејсбук. Вистинското пријателство е поврзаност која постојано се менува и еволуира помеѓу две индивидуи кои се сакаат, ценат, почитуваат и поддржуваат.

4. Туѓиот живот има влијание врз вашиот. Колку и да ви делува така, животот на луѓето околу вас нема никаква поврзаност со она кое ви се случува вам. Време е да научите каде нивниот живот завршува, а каде вашиот почнува.

5. Кристијан Греј е навистина секси. Колку и да ви делува вистинито, приказната за Кристијан Греј нема никаква поврзаност со вистинското БДСМ. Неговиот лик не е ништо повеќе од нарцистички, богат и емоционално затворен човек кој сака да држи сè под контрола, психолошки да малтретира и да не ги почитува границите. Со нежни очи и добро тело.

6. Ако ги поседува сите карактеристики на вашата листа, тогаш е вистинскиот за вас. Има разлика помеѓу вашата фантазија и реалноста, па токму затоа единствениот начин да откриете дали некој е добар за вас е доколку го почувствувате тоа во себе.

7. Непочитувањето е во ред доколку некој го претстави како шега. Доколку не ви е до смеење, кажете го тоа гласно.

8. Најдобрите пријатели се засекогаш. Луѓето кои растат заедно понекогаш тргнуваат на различен пат низ животот и тоа е сосема во ред. Нема потреба да се лутите доколку повеќе нема ништо заедничко помеѓу вас.

9. Не сте вредни за комплимент. Без разлика дали станува збор за изглед, добро завршена работа или инспиративен говор, секој од вас одвреме-навреме заслужува комплимент кој ќе влијае позитивно врз вашата самодоверба.

10. Можете успешно да откриете нечија реалност преку социјалните мрежи. Не заборавајте дека корисниците на социјалните мрежи го покажуваат само она кое тие го сакаат. Токму затоа и не можете од овие филтрирани информации да извлечете вистинити факти.

11. Мора да се објаснувате за сè. Следете го вашето срце, користете ја главата, верувајте му на вашиот инстинкт и остварувајте си ги целите! Нема потреба постојано да се објаснувате за начинот на кој го водите животот.

12. Мора да се извинувате за вашата интелигенција, успех, убавина или тело. Луѓето секогаш ќе најдат некоја маана кај вас, па токму затоа и нема потреба да се потпирате на нивните забелешки, ниту пак да се извинувате за оние доблести за кои треба да се гордеете.

13. Минатото ве дефинира. Вашиот живот е работа во процес и токму затоа секој нареден чекор ќе ве дефинира или редефинира од ново.

14. Мора да трпите сексизам за да бидете кул. Борењето за вашите (еднакви) права не ве прави личност која ги мрази мажите, туку само личност која не дозволува другите да си играат со нејзините чувства.

15. Лошите нешта им се случуваат само на лошите луѓе. Ех, да беше навистина така…

16. Немате можности во вашиот живот, кариера или љубов. Колку повеќе ја проширувате вашата свесност, го истражувате светот и се изразувате себеси, толку повеќе ќе се возбудите за вашето постоење и ќе пронајдете сосема нови перспективи кон светот.

17. Доколку некоја жена има нешто, вие не можете да го имате истото. Таа е само доказ дека и вие можете да го постигнете истото што го постигнала и таа.

18. Сексуалноста, како и животот завршуваат на одредена возраст. Без разлика колку години имате, вашиот внатрешен дух никогаш нема да може да биде скршен доколку вие не го дозволите тоа.

19. Линиите од смеење, мекото стомаче или опуштената коса ве прават помалку убави. Во вашето тело има душа која доколку ѝ дозволите, ќе се смее, танцува, пее и споделува своите страсти.

20. Сите мажи се _______. Освен ако оваа реченица не ја завршите со „различни“, тогаш со сигурност грешите. Секој маж е приказна сама за себе, па токму затоа и не можете да генерализирате поради неколку лоши искуства со нив.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар