20 кратки потсетници за сите кои имаат проблем со преболувањето

За жал, на многу врски им доаѓа крајот. Ако сте биле оставени, сигурно знаете колку е тешко да ја преболите личноста која толку многу сте ја љубеле. Важно е да ги знаете следниве работи кои ќе ви помогнат да ја оставите неуспешната врска во минатото и да продолжите со вашиот живот.

20 кратки потсетници за сите кои имаат проблем со преболувањето

1. Преболувањето не значи дека се откажувате, тоа значи дека го прифаќате она што се случило.

2. Во ред е длабоко да сакате, во ред е личноста да постои длабоко во вашето сеќавање.

3. Постојат над 7,4 милијарди луѓе на планетава.

4. Не секоја љубов е направена за созревање.

5. Не сè се случува со причина, но работите секогаш настојуваат да излезат како што треба.

6. Само затоа што вашиот живот не изгледа како што сакате, не значи дека не можете да го искористите она што го имате.

7. Тие не се единствената личност која ќе можете да ја сакате и не се единствената личност која можела да ве сака.

8. Таа личност никогаш не била висинската, но тоа не значи дека сте го потрошиле вашето време со неа.

9. Можеби нема да станете посилни, но ќе станете помудри.

10. Понекогаш треба да ги цениме луѓето за тоа што биле кога биле, ништо повеќе и ништо помалку.

11. Љубовта нема да ве спаси.

12. Надевањето за некого кој повеќе не е овде нема да го натера да се врати.

13. Нема лекција во секое љубење и тоа е во ред.

14. Не е важно дали сте биле доволно за таа личност, едноставно не сте биле вистински еден за друг.

15. Ќе преболите.

16. Постојаното посетување на минатото нема да ви даде нов увид за тоа зошто требало да биде крај или да ве заштити од болка. Тоа само ќе ве спречи да сретнете некој нов.

17. Има повеќе во животот од повторното вљубување.

18. Дури и ако вие сте причината за проблемите, не значи дека сте ужасна личност. Тоа ве прави човек и можете да научите од вашите грешки.

19. Престанете да го посетувате нивниот Инстаграм или Фејсбук профил, или да ги читате старите пораки. Речиси сигурно нема да ви се допадне тоа што ќе го пронајдете.

20. Изгубената љубов нема да ве убие. Таа е универзално човечко искуство и не сте толку осамени колку што мислите. Ќе бидете во ред.

Прочитајте и зошто раскинувањата се толку болни.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар