20 интересни прашања кои можете да му ги поставите на момчето кое ви се допаѓа

Нема подобар начин да запознаете некого од тоа да му поставите неколку прашања. Исто така кога ќе се заинтересирате за нечии лични аспекти од животот, вашата врска може да стане посилна. Па, кога разговарате со момчето што ви се допаѓа, поставете му некое од овие прашања. Ќе дознаете нешто повеќе за него и можеби вашата љубопитност ќе го фасцинира.

(1)20-interesni-prashanja-za-momcheto-koe-vi-se-dopagja-kafepauza.mk

1. „Дали некогаш си јадел во ресторан без да платиш?“

Секој го има помислено ова. Да заврши со оброкот и да си замине без плаќање.

2. „Што сакаш повеќе, многу пари или многу љубов?“

Иако веќе е клише, како што стареете ќе почнете да сфаќате дека љубовта нема да ги исплати вашите долгови.

3. „Дали си бил во сообраќајна несреќа и дали била по твоја вина?“

На многу нови возачи им се има случено да го удрат автомобилот на нивните родители.

4. „Ако би можел да глумиш во филм, кој филм би било тоа?“

Ова прашање може да започне навистина интересен разговор.

5. „Кој емотикон најчесто го користиш?“

Бидејќи емотиконите се новите хиероглифи.

6. „Што е последното нешто што си го украл?“

Секој има „лошо момче“ длабоко во себе.

7. „Дали ти се поважни платонските или романтичните врски?“

Пријателството може да значи многу работи.

8. „Иако во светот има многу проблеми, дали постои временски период кој бил подобар од овој?“

Дали тој смета дека е роден во најубавиот период?

9. „Кој ти бил омилениот диносаурус кога си бил мал?“

Речиси сите деца се вљубени во овие неверојатни ѕверови. Можеби и тој е едно од нив.

10. „Кој е твојот хороскопски знак?“

Со оваа информација ќе можете да проверите дали вашите знаци си одговараат.

11. „Дали сакаш да ти ја кажат вистината или да те заштитат со лага?“

Ова ќе ви даде до знаење колку искрени треба да бидете со него.

12. „Кој ти недостасува повеќе, Мајкл Џексон или Принц?“

Ќе откриете нешто повеќе за неговиот вкус за музика.

13. „Ако си заробен на пуст остров со пријател, кој пријател би го одбрал?“

Ова е невозможно прашање и понекогаш не постои вистински одговор. Сепак поставете го.

14. „Ако можеш да дознаеш како ќе умреш, дали би сакал да знаеш?“

Морничаво, но интересно прашање.

15. „Ако треба да одбереш само една личност која ќе ти испраќа пораки, кој би било тоа?“

И за овој одговор ќе треба да се помачи.

16. „Дали би работел ноќна смена или би работел сам засекогаш?“

Ќе дознаете дали тој е тимски играч.

17. „Дали е подобро во глава да ти се „врти“ песна од Бијонсе или од Рајана?“

Уште едно прашање за музика.

18. „Ако повторно тргнуваш на факултет, што би направил различно?“

Дали можеби би учел повеќе? Или пак би запишал друг факултет?

19. „Која секција си ја посетувал во средно?“

Откријте нешто повеќе за неговите интереси.

20. „Која е тајната која сè уште ја криеш од својата мајка?“

Сите имаме тајни кои ги криеме од своите родители.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар