20 едноставни совети за да имате подобра година

20 едноставни совети за да имате подобра година

На почетокот на секоја година, повеќето од нас се мотивирани да го подобрат својот живот. Токму затоа и си поставуваме нереални цели од кои најчесто се откажуваме, бидејќи повеќето од нив е скоро невозможно да се постигнат. Имајќи го тоа на ум, погледнете ги овие едноставни совети кои со сигурност ќе ви помогнат да имате подобра година. Нема потреба од големи новогодишни одлуки. Доволно е да правите само по еден мал чекор дневно кон животот кој го посакувате.

20-ednostavni-soveti-za-da-imate-podobra-godina-kafepauza.mk

1. Фокусирајте се на работите кои прават да се чувствувате добро.

2. Немојте да донесувате новогодишни одлуки, туку направете промена во животниот стил. Одлуките ќе ви создаваат притисок. Секој ден правете по еден мал чекор кон новиот животен стил.

3. Самите подготвувајте си ја храната. На овој начин ќе заштедите пари, но и повеќе ќе ја цените храната.

4. Збогувајте се со луѓето кои не се за вас. Немојте да ги присилувате врските. Потрудете се, но ако не добиете ништо, откажете се.

5. Одвојте време за луѓето кои ве ценат и немојте да се фокусирате на луѓето кои ве игнорираат.

6. Пробајте повеќе нешта, станете љубопитни и научете нови работи. Можеби ќе откриете страст која не сте знаеле дека ја имате.

7. Правете повеќе работи кои ве плашат.

8. Бидете свесни за зборовите што ги кажувате. Избегнувајте сцени и непотребно озборување.

9. Напишете листа со работите што ги сакате и посветувајте им време секој ден или секоја недела.

10. Престанете да ги сфаќате работите премногу сериозно и повеќе забавувајте се.

11. Однесувајте се како вашите соништа веќе да се остварени, наместо да се плашите за тоа што ќе се случи.

12. Наместо да се грижите за работите кои може да тргнат на лошо, мислете на работите кои може да тргнат на добро.

13. Насмевнувајте им се на случајни минувачи.

14. Давајте им комплименти на другите. Можете навистина да им го забавите денот, но ќе ја зголемите и вашата самодоверба.

15. Престанете да зборувате за вашите соништа и почнете да делувате за да ги остварите.

16. Будете се со благодарност и легнувајте си со благодарност. Секој ден е благослов.

17. Наместо да ги обвинувате луѓето дека имаат лоши вибрации, проверете ги вашите.

18. Смејте се почесто без причина. Ова всушност ќе ви го подобри расположението.

19. Престанете да сонувате, почнете да делувате. Нема потреба ништо да биде совршено за да почнете, само направете го првиот чекор.

20. Почнете да бидете подобри кон себе и сфатете дека сте доволно добри.

Прочитајте ги и овие мисли кои ќе ви го разубават денот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар