2 предности и 2 маани кои ги чувствуваат само најмалите деца во семејството

2 предности и 2 маани кои ги чувствуваат само најмалите деца во семејството

Да се воспитуваат две, три или повеќе деца е многу тешка работа. Но, самата одлука за поголемо семејство им помага на децата да изградат и одржат еден од најдолгите и најважните односи во својот живот – оној помеѓу браќата и сестрите. Во продолжение откријте какво значење имаат најмалите деца во семејството, како и кои се негативните страни на позицијата која тие ја имаат.

2-prednosti-i-2-maani-koi-gi-chuvstvuvaat-samo-najmalite-deca-vo-semejstvoto-www.kafepauza.mk

ПРЕДНОСТИ:

1. Најмладите деца се поснаодливи во животот

Според научните истражувања, најмладото дете во семејството има поголема потреба да се поврзе и да изгради однос со другите. Оваа особина најчесто се поврзува со физичките карактеристики. Имено, постарите деца се подоминантни и имаат поголемо искуство, а со тоа и животна предност над помладите. Од друга страна пак, помладото дете е послабо и како такво, развива поинаква способност да се истакне во семејството.

Најмладите исто така ја користат и способноста добро да се прилагодат, да сочувствуваат со останатите, а во некои случаи и да искористат манипулација со цел да го добијат тоа што го сакаат. Токму таа способност им помага да „влезат по нечија кожа“ и ги прави поснаодливи во животот.

2. Најмладите деца се најчесто понезависни

Токму поради фактот што тие пристигнале последни, најмладите деца имаат најсилна желба да ја изградат својата индивидуалност, односно да се одвојат од своите постари браќа или сестри. Најмладите деца тежнеат кон индивидуалност која често ги прави сосема различни од останатите во своето семејство, особено од најстарото дете.

Експертите објаснуваат дека станува збор за несвесно однесување со кое детето сака да го привлече вниманието кон себе, кое најчесто било насочено кон постарото дете. Ако и вие сте најмало дете во семејството, споредете се со вашите постари браќа и сестри, и веднаш ќе забележите колку навистина сте различни.

МААНИ:

1. Најмладите деца се посклони на болести

Иако звучи негативно, оваа тврдење всушност воопшто не е толку лошо. Ако размислуваме на долг план. Како што постарото дете поминува низ различни вируси, настинки и болести, тоа со тек на време станува сè поотпорно, но за жал поради него, најмладото дете порано ќе ги преживее овие здравствени проблеми. Иако тоа може да претставува вистинска мака за родителите, сепак најмладото дете ќе помине брзо низ оваа бурна фаза и ќе излезе од неа со посилен имунитет и поголема отпорност за различни болести во подоцнежните години.

2. Најмладите деца се посклони на лоши навики

Младите деца впиваат сè што нивните постари браќа и сестри прават, па токму затоа и се многу посклони на пороци. Овие пороци најчесто се обид да имитираат некого, особено одредени членови во семејството. Според истражувањата, ако постарите браќа или сестри пушат, тогаш помладите имаат и до 4 пати поголеми шанси да започнат со оваа лоша навика во однос на останатите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар