19 навики на момците кои ги нервираат девојките

Можеби сите овие нешта не ги прави вашето момче, но ќе мора да се согласите дека ова се дел од нештата кои мажите ги прават, а нам ни одат по нерви. Од спиење до доцна до оставање валкани чорапи, еве што сè нè нервира кај погрубиот пол.

19 навики на момците кои ги нервираат девојките

1. Спие до доцна

Додека да се разбуди вие веќе сте подготвиле појадок, сте биле на пазарење и на враќање сте ставиле бензин во колата и сте ги платиле сметките.

2. Не знае да извршува основни домашни задачи

Како на пример да ја измие чинијата после јадење. Секако, секоја чест на исклучоците.

3. Зборува за неговата бивша девојка

Без разлика дали зборува добро или лошо, зборувањето за неговата бивша е секогаш знак дека не ја преболел сосема.

4. Таа способност да заспие секогаш и во секое време

А вие се чудите како му успева. Ве нервира фактот што не изгледал цел филм без да преспие макар дел.

5. Испуштање гасови и подждригнување

Секако, се случува, но проблемот е кога некој го прави тоа без осет среде гледање филм и се однесува како ништо да не било.

6. Коментирање за физичкиот изглед на други жени и девојки

Невкусно, најдете друг начин да се докажете колкави мажи сте.

7. Се преправа дека ве слуша

Кога очигледно умот му лета на сосема друга страна.

8. По бричење остава ситни влакненца од брадата во лавабото

Тоа е дел од хигиената. Колку што е лицето мазно после бричење, толку лавабото треба да остане чисто.

9. Остава валкани чорапи на подот

Толку ли е тешко да ги однесе до корпата за валкани алишта?

10. Не го спушта капакот од веце шолјата

Па добро, колку пати треба да се повтори ова правило?!

11. Упорно ја допира вашата коса пред да излезете

А му рековте дека не сакате да ви ја расипе фризурата.

12. Тоа што некогаш не ве разбира од прва

Добро, зошто мора сè да му дообјаснувате?

13. Често ќе го утне видот на производот што сте го побарале од супермаркет

Не, не требаше црвеното ама нема гајле, ќе се снајдам некако.

14. Тоа што не ве разбира во оној период од месецот

Вашето однесување и не е толку ирационално, но за него е очигледно голем проблем. Добро, зошто едноставно не ве остави да бидете неподносливи и да ве сака?

15. Тоа што не ви чита мисли

Уф, навистина е напорно, би требало да знаете да читате мисли, така сè ќе беше полесно.

16. Тоа што е многу приврзан за неговата мајка

Искрено, иако ја цениме вашата љубов и грижа, тоа што некогаш сте мамини синчиња ни оди по нерви, но не кажуваме.

17. Навиката да прашува што сте купиле и зошто ви било потребно

На попуст беше и не даваме отчет после шопинг.

18. Тоа што некогаш се однесува како жена

Да, косата конечно ти е добро наместена, ајде да излеземе.

19. Тоа што е доволно згоден и за вас неопходен, па занемарувате сè што ве нервира кај него.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

  1. Saso Reply

    Kolku e samo feministicki ovoj tekst, alooo vozrasni luge sme, ne pisuvajte kao za deca od 12 godini. Sto ima loso u nekoi od ovie raboti, so devojka mi bas se smeeme na ovie stvari.

Остави коментар