18 работи кои треба да си ги кажете секое утро - Part 2

18 работи кои треба да си ги кажете секое утро

18 работи кои треба да си ги кажете секое утро

10. Падовите се нормална појава и секој ги доживува

Секој доживува пад. Ако сте доживеале неуспех вчера, не будете се лути или обесхрабрени денес. Падовите се лекции. Сте станале, сте го избришале правот од себе и сега продолжувате, побогати за едно искуство.

11. Другите не можат да ме дефинираат како личност

Семејството, пријателите, соседите, познаниците, колегите… Сите тие луѓе не ве дефинираат. Вие може да бидете поразлични од вашето семејство и поинакви од она што за вас го мислат колегите, на пример. Никој не смее ниту има право да ве осудува и да ве дефинира како личност.

12. Секогаш можам да започнам од почеток

Новиот почеток не мора да биде само на почеток на новата година, може да се случи кога било. Вртењето на нова страница може да се случи во секој момент – тогаш кога вие ќе одлучите дека е доста и дека ви е потребна промена. Не плашете се од тоа и не чекајте ја погодната прилика, секогаш може да престанете да го правите она што не ви одговара и да почнете одново.

13. Животот продолжува

Без разлика што ќе се случи, животот едноставно продолжува. Лоши моменти, неуспеси и разочарувања – тоа се дел од животот. Мора да бидете подготвени на падови бидејќи се неизбежни, но исто така мора да бидете свесни дека што и да се случи, без разлика каков низок удар ќе доживеете, животот оди напред, па не заостанувајте назад и тргнете со него.

14. Не му должам ништо никому

Она што сум, она што сум одлучил/а, тоа што го сакам, нештата кон кои се стремам, се моја работа, моја одлука, мој живот. Никому не му должите ништо, ни објаснување ни оправдување за вашите мисли, ставови и постапки. На крајот секој вистински се грижи само за себе, па зошто да трошите време во објаснување или оправдување на себеси за да им се допаднете на другите или за да добиете зелено светло за напред?

15. Јас го заслужувам најдоброто

Кој/а сум, од каде доаѓам, не дефинира што заслужувам или што смеам да добијам. Давам сè од себе, го заслужувам најдоброто и нема да се задоволам со ништо помалку од тоа.

16. Никој, освен мене не може да ја контролира мојата среќа

Никој и ништо не ја контролира мојата среќа. Некои луѓе и случки може да влијаат на неа, но не ја контролираат. Мојата среќа е во мои раце.

17. Сè што вреди е тешко да се добие

Ако нешто е тешко, тогаш мојата обврска е да работам повеќе, подолго, понапорно. Неретко нештата кои ги сакаме тешко се стекнуваат но тоа не е причина за да се откажеме. Со напорна работа, истрајност и одлучност, ќе ја надминеме секоја пречка на патот.

18. Мој живот – мои правила

Никој не смее да ви каже како да се облечете, каде да одите, што да правите, никој не смее да ви забрани нешто ниту пак да ви наметне нешто против ваша волја. Секогаш бидете цврсти за своите принципи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар