18 работи кои треба да си ги кажете секое утро

18 работи кои треба да си ги кажете секое утро

Секое утро го почнуваме со „Добро утро“, но дали навистина го чувствуваме како добро? Дали навистина ја чувствуваме моќта која ја имаме секое утро, но и можноста за нов ден, нов почеток, нова можност да бидеме поблиску до нашата цел? Ова се 18 мисли со кои треба да го почнувате секој нов ден за денот да ви биде поуспешен и понадежен од самиот почеток. Не заборавајте да бидете благодарни за секое утро и кога нареден пат некому ќе му посакате „Добро утро“ навистина да ја почувствувате суштината на тој поздрав.

18 работи кои треба да си ги кажете секое утро

1. Денес е нов ден

Вчерашниот ден можеби беше лош, можеби добар, сеедно, денес е нов ден. Нова можност да дадете сè од себе, да бидете она што сакате да бидете, да соберете храброст и да го направите она што долго го одлагате. Денес е нов ден, минатото не ве дефинира, сè што сакате да направите, сторете го денес.

2. Наредниот ден не се брза

Земете го потребното време од денешниот ден уште од самиот почеток. Не живејте за утре или за кој било друг ден во иднина. На утре не му се брза. Престанете со вашата навика да преживувате чекајќи го утре, и живејте за денес. Не одлагајте за утре, сторете го тоа денес.

3. Јас сум најдобрата верзија од себеси

Сите имаме мани, во нашите очи и во очите на другите. Не трудете се да го достигнете совршенството, тоа е илузија. Никој не е совршен, но вие сте најдобрата верзија од себеси. Пофалете си ги сопствените квалитети секое утро и бидете горди на себе.

4. Минатото не ме дефинира

Вчера е минато, она што ми останува се спомените од успесите и неуспесите. Но, тоа не ме дефинира мене. Само јас можам да се дефинирам себеси.

5. Не е сè како што изгледа

Нештата не се секогаш такви какви што изгледаат. На моменти вашиот живот ќе ви изгледа како да се движи во погрешен правец, но тоа не значи дека вашиот живот е лош, туку дека едноставно се движи онака како што треба – некогаш предвидлив, некогаш не, со подеми и падови, и тоа е сосема во ред. Нештата не се така како што ни изгледаат во даден момент, можеби целосната слика ќе ја добиеме откако ќе мине малку време и ќе можеме да ги погледнеме објективно.

6. Не знам сè

Со сите тие нешта што се случуваат секој миг и со забрзаното темпо на живот, во ред е да не знаете сè. Способни сте да го научите она што ви треба и оправдано ви е да прашате бидејќи нема некој кој знае сè. Секој ден е ваша нова можност да научите нешто, па сфатете го како добра лекција.

7. Сите имаме тајни

Секој има по некоја тајна, добра или не толку добра и тоа е во ред. Некогаш вашата тајна може да ве измачува многу и да ви врши голем притисок бидејќи ви изгледа како страшна. Во ред е да имате приватност и интима, нешта кои ги споделувате само со себе.

8. Можам да си ги исполнам сите мои соништа

Кога станува збор за моменталните цели и соништа, нашите години не играат голема улога. Важна е нашата решителност да тргнеме смело кон своите соништа. Јас имам право на мои соништа и цели, без разлика колку бизарни или недостижни тие им изгледаат на другите. Денес е нова шанса да поработам на остварувањето на моите соништа и денес сум поблиску до нив од вчера.

9. Денес е ново чудо

Само помислете каква можност ви се дава со секој нов ден. После сонот имате можност да се разбудите, да ги отворите очите, да го видите светот, да ги вдишете сите мириси и да ги почувствувате сите нешта кои ве прават среќни. Бидете благодарни за ова ново чудо, за вашето будење и за шансата која ви е дадена – шанса за нов ден. Секојдневно околу нас се чувствуваат безброј чуда, но поради некои причини не секој од нас може да ги забележи ниту пак е свесен за нив. Вие едноставно бидете благодарни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар