17 работи за кои никогаш не треба да барате оправудвања

За некои работи чувствуваме вина иако не сме одговорни за ништо, а во такви ситуации бараме изговори и оправдувања иако одговорноста не лежи кај нас. Одговараме за нашите постапки, но не и за следните ситуации.

17 работи за кои никогаш не треба да барате оправудвања

1. Ако сакате да сте на само или во моментот не сакате да зборувате со некого. Понекогаш ви е потребно време да останете сами со себе и да ги средите мислите, а другите се должни да го почитуваат тоа.

2. Критериумите за успех. Некој се дефинира себеси како успешен ако е богат и влијателен, друг ако е успешен во професијата, трет ако ужива на свој начин во животот и има некаков душевен мир. Секој критериум е легитимен, никому не одговарате поради тоа.

3. Психички нарушувања. Сè уште постојат луѓе кои ги стигматизираат оние со некакви психички нарушувања, иако депресијата или анксиозноста најчесто не се резултат на наше дејствие ниту личен неуспех.

4. Што оној/онаа која ви значи прави или не прави. Луѓето сакаат да знаат за вашиот партнер што прави во животот, колку е образован, колку е богат, итн., но не смеат да ви судат поради тоа. Вие сте вљубени и немате потреба да смислувате изговори за нивните забелешки.

5. Како изгледа вашата девојка или момче. Иако секој е свесен дека сопствениот вкус е различен од сите останати, многумина и понатаму судат според општо прифатените норми за убавина. Секој има право на свое мислење за некого, но во ваква ситуација не само што не треба да барате оправдувања за тоа, туку имате право да се чувствувате навредени.

6. За тоа како изгледате и се негувате. Има основни правила за хигиена кои мора да ги следите за да не им пречите на другите, но тоа дали ќе се тетовирате, каква фризура ќе носите и каква кошула ќе облечете е само ваша работа.

7. На што ги трошите парите. Вашите пари се ваше право. Ваш е изборот дали ќе ги инвестирате во нешто или ќе живеете од денес за утре.

8. Семејниот живот. Сами бирате дали млади ќе стапите во брак или прво ќе се посветите на кариерата, а можеби и никогаш нема да се ожените или омажите. Секогаш ќе има некој кој смета дека треба да направите вака или онака, но никој од нив не е во ваша кожа и нема да ви се извини за евентуалниот лош совет.

9. Со кого имате секс и колку често. Правилата за тоа колку сексуални партнери треба да имате во текот на животот се производ на човековиот ум, а не на природата.

10. Грешките во минатото. Важно е каква личност сте во сегашноста. Сигурно сте правеле грешки во минатото, но ако сте успеале да „се препородите“ и да смените некои нешта од корен, никој нема право минатото да ви го земе за зло.

11. Ако имате нарушени односи со член на семејството. Добрите односи со семејството се еден од основните услови за среќа, но понекогаш работите можат да бидат такви што најдобро за вас ќе биде малку да се оддалечите. Едноставно, вие така поубаво се чувствувате и нема потреба да објаснувате зошто е тоа така.

12. Кој број фармерки носите. Оправдувањата од типот дека „стомакот ви е капитал“ или дека „вистинските жени имаат облини“ е индиректно извинување кон светот затоа што не сте во склад со нивниот идеал за убавина. Такви сте какви што сте и толку.

13. За тоа како се храните. Вашето тело е ваша работа. Никој не може да ви каже дали да го храните со брза храна или само со овошје и зеленчук.

14. Ако сте раскинале некому. Чувствата кои со тој чин сте ги предизвикале кај другата страна може да ви предизвикаат чувство на вина, но не смеете да си дозволите да се извинувате поради тоа. Вие сепак не сте должни да останете со некого во врска која не ве исполнува, без разлика на тоа колку е таа долга или колку таа/тој не може да живее без вас.

15. Книгите, филмовите или музиката што ги сакате. Овие работи служат за лична надградба, но и за задоволство. Сами си го барате патот кон задоволството.

16. Каде излегувате. Постои мислење дека мора да излегувате во одредени клубови или кафеани за да си поминете убаво, но повторно, сами го избирате патот кон личното задоволство. На крајот на краиштата, ако следната сабота навечер сакате да је поминете дома, кој може да ве убеди дека тоа е погрешно?

17. Затоа што сè ви оди добро во животот. Знаете како да си го средите животот и затоа сè ви оди како подмачкано. Не мора да се оправдувате дека имате среќа или нешто слично.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар