16 знаци дека сте во врска со вашиот лажен духовен близнак

16 знаци дека сте во врска со вашиот лажен духовен близнак

Духовниот близнак или близначкиот пламен е една од сродните души што ги среќаваме во текот на животот. Може да имате повеќе сродни души, но само еден духовен близнак. Духовниот близнак е огледало на вашата душа. Обајцата сте на иста духовна фреквенција. Тоа значи дека вашата врска и посебна, но и многу тешка. Не е толку лесно да се препознае вистинскиот духовен близнак. Понекогаш може да започнеме врска со лажен духовен близнак. Тоа се случува кога ќе најдеме човек кој мислиме дека совршено ни одговара, но тој всушност ни помага да ја препознаеме и исчистиме кармата што нѐ следи поради нашите лоши избори и да бидеме подготвени за вистинскиот духовен близнак. Следниве 16 знаци ќе ви помогнат да направите разлика помеѓу лажниот и вистинскиот духовен близнак…

16 знаци дека сте во врска со вашиот лажен духовен близнак

1. Вистинските и лажните духовни близнаци се многу слични

Кога ќе бидете со вашиот вистински духовен близнак, ќе сфатите дека и вашиот поранешен партнер поседувал голем дел од истите карактеристики. Тоа ве заслепило и ве спречило да ја препознаете вистината.

2. Лажниот духовен близнак ги споменува проблемите од минатото

Кога ќе ја прочистувате кармата со вашата сродна душа, ќе дознаете дека проблемите што се појавуваат се последица на грешките, нервозите, стравовите и грижите од минатото. Во врската со вашиот вистински духовен близнак, проблемите ќе бидат поврзани со она што ќе се случи во иднина и со тоа како да ја остварите вашата цел додека сте живи.

3. Лажниот духовен близнак ќе ве научи како да си помогнете себеси. Вистинскиот духовен близнак ќе ве научи како да им помогнете на другите

Лажните близнаци се појавуваат во нашите животи кога имаме потреба да станеме самосвесни и да направиме некаква промена. Вистинските близнаци се појавуваат во периодот кога треба да ги прошириме нашите моќи и да почнеме да им го менуваме животот на луѓето околу нас.

4. Посветеноста на лажните близнаци избледува кога ќе почнат да се јавуваат потешкотии, додека посветеноста на вистинските близнаци станува посилна

Она што најмногу ги издвојува лажните близначки пламени од вистинските е нивното гаснење. Кога ќе се појават потешкотии и несогласувања во врската, тогаш ќе се открие вистинската посветеност на близнаците. На крајот, лажните близнаци ќе си заминат бидејќи им било премногу тешко. Вистинскиот духовен близнак ќе биде подготвен да помине низ што било за да остане со вас.

5. Лажниот духовен близнак ќе ви предизвикува анксиозност и нервоза, а вистинскиот ќе прави да се чувствувате како дома

Ќе чувствувате еден посебен вид удобност кога ќе бидете со вашиот вистински духовен близнак. Вие ќе бидете најдобри пријатели и ќе се чувствувате како дома секогаш кога сте заедно, без разлика каде сте.

16 знаци дека сте во врска со вашиот лажен духовен близнак

6. Нема да знаете каде оди врската со вашиот лажен духовен близнак, додека врската со вистинскиот близнак ќе ви биде јасна и покрај сите потешкотии

Врската со духовниот близнак речиси секогаш е бурна и исполнета со постојани раскинувања и смирувања. Меѓутоа, раскинувањата со лажниот духовен близнак ќе траат подолго и ќе бидат посериозни. Кога ќе се смирите, тоа ќе трае многу кратко и нема да заврши добро.

7. Вашиот лажен духовен близнак ќе ви предизвикува силни чувства на сомнеж, додека вистинскиот близнак ќе ви донесе сигурност

Еден од најголемите знаци на лажен духовен близнак е постојаната несигурност во врската. Иако ќе ви се чини дека оваа врска ги исполнува сите ваши критериуми, секогаш ќе постои еден глас во вашата глава и срце кој ќе го поставува прашањето: Дали ова е тоа вистинското? Тоа нема да се случува со вистинскиот духовен близнак, барем не до тој степен.

Продолжете на следната страница за останатите знаци…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар