16 лоши навики кои прават да бидете сингл, иако имате потенцијал да бидете одличен партнер!

Колку и да сте добри, внимателни и посветени во една љубовна врска, сепак постојат одредени навики кои може да ве спречат да го пронајдете партнерот што ви одговара. Можеби тие навики свесно или несвесно влегле во вашиот живот, но треба што е можно побргу да ги заборавите, доколку сакате и сте спремни да се впуштите во љубовните води. Еве за што поконкретно станува збор.

16 лоши навики кои прават да бидете сингл, иако можете да бидете добри партнери

1. Одложување. Не велете си себеси дека ќе му/ѝ пишете на вашиот/вашата симпатија утре, дека утре ќе го/ја прашате да излезете заедно и дека утре ќе се соочите со сите работи. Не го ставајте вашиот живот на чекање. Живејте денес.

2. Заборавате да одговорите на пораката која ви стигнала. Ако не одговарате на пораките, тој/таа ќе дојде до заклучок дека вие не сте заинтересирани и дека не сте подготвени да му/ѝ дадете шанса. На крај, таа личност ќе престане да се бори за вашето внимание.

3. Спиете премногу. Колку повеќе време поминувате во вашата соба, толку помалку шанси имате за да комуницирате со другите луѓе. Помислете само од колку можности се лишувате самите само затоа што одбирате да останете во кревет.

4. Лажете. Не лажете со цел да ги оттргнете другите од себе или пак за да го олесните својот живот. Вие ќе најдете некој/а кој/а ќе ве сака токму поради тоа што сте, но само доколку сте отворени и искрени.

5. Се жалите. Среќата е заразна, но исто така и несреќата. Доколку постојано се жалите за нешто, вие ќе ги оттргнете луѓето од вас. Обидете се да ги гледате добрите работи во животот. Насмевнете се и очекувајте промени.

16 лоши навики кои прават да бидете сингл, иако можете да бидете добри партнери

6. Постојано работите. Можеби вашата страст за работата и напредокот во кариерата ви се многу важни, но животот не би требало да ви се врти само околу една работа. Вам ви требаат повеќе работи, па затоа треба да создадете рамнотежа помеѓу кариерата и личниот живот.

7. Откажувате планови. Не го откажувајте во последен момент одењето на забавата, само затоа што немате што да облечете. Настојувајте да одите, да запознаете нови луѓе и можеби ова ќе биде едно од најубавите нешта што ви се случиле во животот. Можеби токму таа ноќ ќе ја најдете личноста која долго време сте ја барале.

8. Пиете во голема мера. Нема ништо лошо во тоа да се забавувате, но доколку сте премногу пијани додека зборувате со некоја личност со која подоцна ќе размените и броеви, тогаш големи се шансите да заборавите на тоа и никогаш повторно да не се чуете.

9. Се мразите себеси. Вие сте убави. Потсетете се дека многумина би биле среќни да ве имаат. Колку повеќе самодоверба имате, толку повеќе личности ќе привлечете.

10. Постојано гледате во вашиот телефон. Не пишувајте им постојано на вашите пријатели додека сте на љубовен состанок. Не вртете по социјалните мрежи додека сте на забава. Не дозволувајте онлајн животот да ви го замени реалниот.

16 лоши навики кои прават да бидете сингл, иако можете да бидете добри партнери

11. Премногу гледате телевизија. Ако постојано гледате порно филмови, вие ќе имате нереална слика за тоа што претставува сексот. Ако секогаш гледате драми, вие ќе стекнете нереална слика за тоа какви се љубовните врски. Реалниот живот е нешто поразлично од тоа што го гледате на малите екрани.

12. Пушите. Повеќето луѓе не сакаат нивниот партнер да пуши или да има друг вид порок. Така многу тешко ќе добиете нечие внимание.

13. Имате лоша лична хигиена. Не ви треба тесна облека, шминка или да носите одредени марки на облека за да добиете нечие внимание. Но, од особена важност е туширањето и пријатниот здив. Мрсната коса не изгледа привлечно.

14. Озборувате. Никој не сака да се состанува со личности на кои не може да им се верува и кои се насменуваат во лице, а потоа озборуваат и критикуваат зад грб. Ако озборувате, луѓето нема да сакаат да прават ништо со вас.

15. Песимисти сте. Ако постојано сте негативни, нема да можете да сфатите дека вистинската личност се наоѓа токму пред вас. Наместо тоа, ќе почнете да мислите на сите негативни работи кои може да произлезат и така ќе ја уништите љубовната врска уште пред официјално да започне.

16. Постојано се фалите. Не однесувајте се како да сте супериорни во однос на луѓето околу вас. Третирајте ги сите како еднакви и тие ќе ви вратат на ист начин.

16 лоши навики кои прават да бидете сингл, иако можете да бидете добри партнери

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар