15 знаци кои покажуваат дека имате добар маж покрај себе

Понекогаш се прашуваме зошто некој не ја прекине врската и не побара подобра прилика за себе кога заслужува многу повеќе отколку што има сега. Причината може да биде тоа што луѓето воопшто немаат претстава како изгледа здравиот и нормален однос и како добриот маж или добрата жена треба да се однесуваат кон својот партнер. Следуваат неколку знаци дека сте нашле личност која е добра и која никогаш не би ве повредила – ако го препознавате, направете сè за да го задржите!

1-15-znaci-koi-pokazhuvaat-deka-imate-dobar-mazh-pokraj-sebe-www.kafepauza.mk_

1. Никогаш нема да дозволи да заборавите колку ве сака

Добриот маж секогаш ќе ве потсетува како се чувствува за вас и колку се грижи за вас.

2. Секогаш ве поддржува

Без разлика што ќе одлучите во животот, тој ќе биде ваша поддршка и никогаш нема да ве обесхрабри или да направи да помислите дека нешто не можете да направите.

3. Тој ве инспирира

Начинот на кој некој од партнерите се бори за да успее во животот може да послужи како инспирација за другиот партнер.

4. Ќе работи на тоа да ја добие вашата доверба

Добриот маж секогаш ќе се обидува да се чувствувате удобно и сигурно во врската. Тој знае дека довербата не се поклонува, туку дека се гради со заслуги.

5. Прави секогаш да се чувствувате убаво

Не е доволно само да ви каже дека сте убави, туку тоа го покажува на начинот на кој ве гледа, допира и се однесува кон вас.

2-15-znaci-koi-pokazhuvaat-deka-imate-dobar-mazh-pokraj-sebe-www.kafepauza.mk_

6. Покрај него се чувствувате сигурно

Еден од најголемите комплименти кои жената може да му ги каже на мажот е дека покрај него се чувствува сигурно. Ништо не е важно, доколку жената не може мирно да спие покрај вас.

7. Обрнува внимание на малите работи

Без разлика колку некои работи за вас изгледаат мали и неважни, тој на нив ќе им обрне внимание доколку забележи дека се грижите.

8. Тој никогаш не ја преминува границата

Нормално е да имате несогласувања, но тој никогаш нема да стане насилен и неразумен.

9. Постојано работи на себе

Без разлика дали учи нови работи или чита некоја книга, тој постојано работи на себе за интелектуално да ве предизвика и да го задржи вашето внимание.

10. Знае дека делата зборуваат повеќе од зборовите

Тој знае дека луѓето кои постојано нешто ветуваат не заслужуваат почитување, туку дека вредат само оние кои ги исполнуваат своите ветувања.

3-15-znaci-koi-pokazhuvaat-deka-imate-dobar-mazh-pokraj-sebe-www.kafepauza.mk_

11. Ви се отвора

На некои момци им е тешко да ги изразат своите чувства, стравови и желби, но кога покрај себе ја имаат вистинската жена тогаш тие стравови ги нема.

12. Секогаш е искрен со вас

За да изгради здрава и среќна врска со вас, добриот маж ќе знае дека сето тоа зависи од искреноста.

13. Удобно ви е да бидете искрени пред него

Уживањето во врската доаѓа од отвореноста и искреноста кон партнерот, а тоа е последица на увереноста дека тој никогаш нема да ве осудува.

14. Тој никогаш не е насилен

Без разлика дали станува збор за емотивно, ментално или физичко насилство, тоа на добриот маж никогаш нема да му падне на памет.

15. Тој е со вас, без разлика на сѐ

Кога мажот ќе го посвети своето време и љубов на жената што ја сака, ништо нема да може да го оттргне од неа. Добри или лоши времиња, тој е тука.

Дознајте кои знаци покажуваат дека тој ги заслужува вашето внимание и љубов.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!
  1. K.T Reply

    Se e ova super , samo sto vakvo ‘cudo’ ne postoi.

Остави коментар