15 знаци дека имате прекрасен татко

Сигурно кога сте биле мали сте сметале дека вашиот татко е најдобар, најсилен, највешт и најпаметен. За многумина тоа важи и денес. Тие ќе го препознаат својот татко во овие шеснаесет знаци.

16 знаци дека имате прекрасен татко

1. Се разбира во сите ситни поправки на овој свет. Кога ви треба нешто да се поправи, тој е првиот на кого помислувате.

2. Има отворен ум. Не е како оние татковци – генерали кои секогаш знаат што е „најдобро“ за вас, туку има отворен ум и разбира дека денешната младина има свој начин на однесување. Тој ги прифаќа новините кои ги носи времето.

3. Има добра смисла за хумор. Веројатно и мајка ви е со него поради тоа, а знае и вас секогаш да ве насмее.

4. Верува во вас. Понекогаш е критичен кон вас, но никогаш не ја загубил вербата дека неговото дете може да постигне многу во животот.

5. Ја третира мајка ви како кралица. Им дава пример на своите синови и ќерки како треба да изгледа односот помеѓу маж и жена.

6. Знае како да ве дисциплинира. Тој ги има вистинските методи со кои што вие не сте ни свесни дека тој се обиде да ве научи лекција. Знае кога да реагира, а кога можете и да се извлечете со грешката што сте ја направиле.

7. Ги прифаќа вашите недостатоци. Не само поради неговата голема љубов кон вас, туку и поради тоа што знае дека никој не е совршен.

8. Можете да се потпрете на него. Секогаш и во сè, и за добро и за лошо.

9. Супер ви е кога поминувате време заедно. Со него ви е забавно и кога тој си ја извршува родителската должност да ве воспитува.

10. Тој дава пример со своето однесување. Не е човек кој ве тера да не пцуете додека тој го прави тоа. Тој се однесува онака како што очекува и неговите деца да се однесуваат.

11. Несебичен е. Секако дека е дарежлив кон вас, но дарежлив е и кон луѓето кои не му се толку блиски. Тој знае како да го стави туѓиот интерес пред својот кога тоа е потребно.

12. Секогаш дава добри совети. Се обраќате кај него, а тој прво внимателно ќе ве сослуша пред да покаже дека постои решение за секој проблем.

13. Сите го сакаат. Неговите пријатели и соседите многу го почитуваат, а ниту на вашите другари или другарки не им пречи кога ќе ви се придружи.

14. Го штити семејството по секоја цена. Ќе направи сè што е потребно за неговото семејство да се чувствува безбедно и удобно. Ќе работи и прекувремено само за да ви обезбеди подобро образование или летен одмор.

15. Не можете да си го замислите животот без него. Затоа што татко ви е прекрасен човек.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар