15 слатки изјави со кои можете да му го украдете срцето

15 слатки изјави со кои можете да му го украдете срцето

Во минатото, паровите си шепотеле слатки љубовни изјави на уво и си праќале љубовни писма преку кои ги искажувале своите најдлабоки чувства. Но, денес имате многу повеќе можности на располагање. Секако, вие сè уште можете му праќате писма или да му шепотите на уво, но исто така можете и да му пратите СМС порака или имејл. Бидејќи комуникацијата е многу олеснета, зошто да не ја искористите во ваша цел? Погледнете ги следниве 15 слатки изјави кои за само неколку секунди можат да ви помогнат да му го освоите срцето…

Соодветни изјави за новите љубовни врски

(1) 15 слатки изјави со кои можете да му го украдете срцето

1. „Ми се допаѓа тоа што си џентлмен во мое присуство.“

Оваа слатка изјава му покажува на вашето момче колку многу го цените неговото однесување кон вас, како и му укажува на фактот дека сакате да продолжите со него.

2. „Ти си многу интересен човек. Знаеш толку многу нешта за скоро сè.“

Никогаш не е на одмет да го зајакнете егото на вашето момче. На крајот од краиштата, не постои човек кој не сака да се чувствува почитувано и обожувано. Токму затоа оваа кратка изјава може да ве одведе на ново ниво во вашата врска.

3. „Имав лош ден, но тогаш се потсетив на тебе и одеднаш мојот свет се осветли.“

Ова можеби е многу директно, но доколку навистина се почувствувате на овој начин, тогаш дефинитивно треба искрено да му го кажете тоа и на вашето ново момче. Тој ќе го цени гестот.

4. „Никогаш не сум сретнала маж кој е толку амбициозен и решителен како тебе.“

Ова е само уште една едноставна и добронамерна изјава која може да ја однесе вашата врска на ново ниво.

5. „Едвај чекам да се видиме повторно.“

Кратка, но јасна порака која ќе му покаже дека уживате во вашето време поминато заедно. Во новите врски, ова исто така е и добар начин да му дадете до знаење дека кај вас постои желба за продолжување на односот.

Соодветни изјави за сериозните љубовни врски

(2) 15-slatki-izjavi-so-koi-mozhete-da-mu-go-ukradete-srceto-ww.kafepauza.mk

6. „Посакувам сега да беше тука“

Оваа изјава едноставно му кажува на вашето момче дека тој многу ви недостасува. Едноставно секој човек сака да се чувствува посакувано, па токму затоа оваа изјава може да биде една од најслатките пораки во долгите и сериозни врски. Но, внимавајте да не претерате со нејзината употреба бидејќи во спротивно тој би можел да се почувствува згушено.

7. „Ми велеа дека љубовта може да се создаде во само еден момент, но не верував во тоа сè до моментот кога се заљубив во тебе.“

Оваа порака ги открива вашите најдлабоки чувства кон вашето момче и му дава до знаење дека не се плашите да зборувате за нив.

8. „Кога гледам во твоите очи, забележувам пат кон свет во кој сакам да постојам.“

Доколку не сте многу блиски, оваа порака може да има спротивен ефект. Но, доколку сте подолго време во врска и чувствувате дека можете да му ги признаете дури и најдлабоките ваши чувства, тогаш оваа изјава е полн погодок.

9. „Ако добијам можност да го преживеам целиот мој живот одново, тогаш единственото нешто што ќе го сменам е јас и ти да се запознаеме порано.“

Оваа слатка порака му укажува дека вие би сакале уште многу време да поминете заедно и дека го цените неговото присуство во вашиот живот.

10. „Се чувствувам многу заштитено и безбедно кога си покрај мене.“

Мажите отсекогаш сакале да се чувствуваат како „заштитници“, па токму затоа и ќе обожаваат да ја слушаат оваа ваша изјава. Знаењето дека се чувствувате безбедни покрај нив е најдобриот комплимент за повеќето мажи.

11. „Не постои маж на оваа планета кој може да ме разбере подобро од тебе.“

Секоја добра врска се состои од искреност и отворена комуникација. Токму затоа со оваа изјава вие ќе му дадете до знаење дека сте дел од здрава љубовна врска.

12. „Отсекогаш си знаел како да ме насмееш, дури и кога сум многу нерасположена.“

Партнерството поминува низ голем број подеми и падови. Тоа е дел од животот. Токму затоа признавањето на фактот дека тој секогаш има позитивно влијание врз вашето расположение е една од најголемите знаци за добра врска кои можете да му ги покажете.

13. „Не можам да си го замислам животот без тебе.“

Кога два живота ќе се спојат, станува незамисливо да се замислите без „другата половина“. Ова е позитивен чекор во врската, па доколку навистина се чувствувате така, разговарањето на оваа тема може да направи тој да се почувствува одлично покрај вас.

14. „Не знам како ме трпиш, ама мило ми е што го правиш тоа.“

Оваа изјава му дава до знаење дека вие знаете колку сте тешки за справување и дека го цените она што тој се обидува да го направи за вас. Оваа порака е особено од голема важност доколку поминувате низ потежок период.

15. „Само моето срце може да ти каже колку те сакам, моите зборови не се доволни моќни.“

Со оваа изјава вие му велите дека едноставно не можете со зборови да ги објасните вашите чувства кон него. Зарем постои нешто друго што еден заљубен маж би сакал да го чуе од својата љубена?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар