15 ситници кои е добро да ги знаете за вашата понежна половина

Жените сакаат мажи кои знаат да се потрудат околу нив, да им ја покажат својата неизмерна љубов и одвреме-навреме да ги изненадат. Зборовите кои ги кажувате се важни, но важни се и вашите дела.

15 ситници кои е добро да ги знаете за вашата понежна половина

Ако сакате да ја импресионирате вашата девојка, не заборавајте дека никогаш не треба да престанете да се трудите и секој ден да ѝ кажувате колку ја сакате. Покрај овие неопходни работи, добро е да ѝ покажете дека ја сакате и цените изненадувајќи ја со некои мали, но сепак значајни работи кои ги знаете за неа. Еве листа од 15.

Бројот на чевли

Жените не очекуваат нивните партнери да им купуваат чевли, но фактот дека тие го знаат бројот што го носи нивната сакана, нив многу им значи.

Омиленото цвеќе

За дамата секогаш е убаво кога ќе добие цвеќе за подарок, а уште подобро е ако биде изненадена со ваков гест без да постои посебен повод за тоа. Притоа, добро е момчето да знае со кое цвеќе неговата девојка најмногу ќе се израдува.

Омилената перница

Би било неџентлменски нејзината омилена перница да ја ставите под својата глава, но ако ѝ ја отстапите, тоа ептен ќе ѝ го направи меракот.

Омилениот накит

Сите жени сакаат различен накит. Некои повеќе сакаат сребро, други бело злато, трети жолто. Добро е да знаете што преферира вашата избраничка доколку планирате да ја изненадите со подарок во мало кутиче.

Омилената храна за време на ПМС

Жените знаат да бидат незгодни за време на ПМС, па голем плус за вас ќе биде доколку знаете што сака вашата партнерка да има во устата во тој период. Ако не знаете, барем знајте го основното – голема е веројатноста дека ќе ужива во чоколадо и други слатки.

Омилените видови филмови

Не само што е многу претпазливо од ваша страна ако знаете што сака вашата девојка да гледа, туку тоа може и многу да ви олесни во разни ситуации кога ќе се договарате кој филм да го гледате заедно.

Родендените на членовите на нејзиното семејство

Не е возможно да се запамтат баш сите датуми, но потрудете се да ги забележите барем оние на нејзините најблиски.

Омилената храна

Еден од најдобрите начини да ѝ ја покажете вашата љубов. Уште ако можете да ѝ го подготвите омиленото јадење, таа ќе биде сигурна дека вие сте нејзиниот вистински избор.

Како го сака кафето

Убаво би било одвреме-навреме да ѝ направите кафе и да ја изненадите. Притоа треба да знаете какво сака да го пие за да ѝ го погодите.

Приказната за лузна од детството

Ако знаете како се здобила со некоја лузна од детството, тоа пред сè значи дека внимателно ја слушате додека ви зборува, дека ви значи и дека искрено ја сакате.

Омилената емисија/ТВ серија

Борбата за далечинскиот управувач им е позната на паровите кои живеат заедно. Жената понекогаш треба да го остави својот сакан да ужива цел ден пред телевизорот со машките програми, но тој мора да знае кои ѝ се омилени емисии и ТВ серии кои таа не смее да ги пропушти, и тогаш мора да отстапи.

Што сте носеле на првиот состанок

Ако машкото, и покрај многуте изминати години сè уште може да се сети на облеката која ја носел секој од вас на првиот состанок, значи дека неговите намери биле искрени од самиот старт.

Омиленото вино

Не мора да станува збор за некое многу скапо вино. Но, ако партнерот знае кое вино неговата партнерка обожава да го пие, добро би било понекогаш да ја изненади со такво шише после напорниот работен ден.

Бројот на градник

Купувањето долна облека за вашата сакана е сигурен знак за неа дека водите сметка за деталите, па и за најситните како овој. Со тоа јасно ѝ давате до знаење колку ја сакате. Бонус: ако вие изберете долна облека за вашата партнерка, со сигурност ќе уживате кога вашиот избор ќе се најде на нејзиното тело.

Омилениот парфем

Можеби ни таа нема единствен парфем кој најмногу го сака, па ако не името, запомнете ја барем онаа карактеристична арома по која сака да биде препознатлива.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Jas Reply

    Што сте носеле на првиот состанок

    ABE AJDE !!! 100% vie ne pamtite sto ste nosele pred 4 meseci i 5 dena ?!?!?

Остави коментар