15 секојдневни работи кои може да се направат многу полесно отколку што мислиме

Секој ден, ние вршиме голем број вообичаени активности без некогаш да се запрашаме дали постојат некои неочекувани начини за да ги направиме нашите рутини помалку напорни. Затоа ние решивме да ви го направиме животот полесен и ви препорачуваме да ги погледнете следниве 15 трикови кои ќе посакате да ги употребите уште во првата прилика.

1. Повторно користење на остатокот од сос

Остатокот од сосот може да биде замрзнат во сад за мраз и да ви послужи тогаш кога немате време да приготвите соодветно јадење. Само стоплете го заедно со макарони и кашкавал, и тој ќе биде подготвен за момент.

2-15-ednostavni-raboti-koi-mozhe-da-se-napravat-mnogu-polesno-otkolku-shto-mislime-www.kafepauza.mk_

2. Сечење тенки парчиња кашкавал

Ова е еден трик за кој ќе посакате да се удрите себеси, бидејќи не сте се сетиле порано. Очигледно е, доколку сакате тенки парчиња кашкавал, само искористете обична алатка за лупење на компир.

3-15-ednostavni-raboti-koi-mozhe-da-se-napravat-mnogu-polesno-otkolku-shto-mislime-www.kafepauza.mk_

3. Исцедете го сокот од лимонот

Доколку немате цедалка за лимон при рака, а потребно ви е да исцедите сок од лимон, тогаш искористете ги вашите раце. Загрејте го малку лимонот во микробранова печка и оваа задача ќе биде многу полесна.

4-15-ednostavni-raboti-koi-mozhe-da-se-napravat-mnogu-polesno-otkolku-shto-mislime-www.kafepauza.mk_

4. Исушете го остатокот од билките

Доколку ви остане мала количина свежи билки после готвењето, немојте да ги фрлате. Едноставно исушете ги, така што ќе ги ставите неколку минути во микробранова печка. На овој начин ќе можете да ги искористите повторно во блиска иднина.

5-15-ednostavni-raboti-koi-mozhe-da-se-napravat-mnogu-polesno-otkolku-shto-mislime-www.kafepauza.mk_

5. Соберете ги остатоците од скршената чаша

Скршената чаша може да биде вистинска главоболка. За среќа, постои еден трик кој можете да го искористите за да го поедноставите процесот на чистење. Сè што ви е потребно е едно парче леб! Благодарение на неговата текстура, лебот може да ги собере и најтенките парчиња стакло кои не можете да ги видите.

6-15-ednostavni-raboti-koi-mozhe-da-se-napravat-mnogu-polesno-otkolku-shto-mislime-www.kafepauza.mk_

6. Задржете ја лажицата на страната од садот за готвење

За да бидете сигурни дека лажицата нема да ви падне во садот за готвење, едноставно заврзете гумен ластик околу неа.

7-15-ednostavni-raboti-koi-mozhe-da-se-napravat-mnogu-polesno-otkolku-shto-mislime-www.kafepauza.mk_

7. Вадење зрна пченка од кочанот

Доколку сакате да ги „извадите“ сите зрна од пченката, тогаш ставете ја во сад за колачи и полека со помош на остар нож сечете ги зрната од кочанот. На крај, вие ќе ги имате сите зрна во садот и нема да создадете никаков неред.

8-15-ednostavni-raboti-koi-mozhe-da-se-napravat-mnogu-polesno-otkolku-shto-mislime-www.kafepauza.mk_

Преминете на следната страница за останатите трикови…

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар