15 работи што ѝ се потребни на секоја девојка за на летен одмор

Се пакувате за на одмор? Нели чувството е возбудливо и прекрасно? Пред вас се сончеви денови погодни за убави спомени кои ќе ги „фатите“ на слика. Но не заборавајте со себе да ги понесете најнеопходните и најпрактичните работи, особено оние кои ви се потребни за на плажа.

Голема торба за на плажа

Голема торба е нешто што секоја девојка треба да го има бидејќи собира сè што треба да понесете со вас на плажа. За да биде уште попрактична, одберете некоја со повеќе прегради, така што поважните работи веднаш ќе ви бидат на дофат. Ги има во многу дезени и модели, па најдете ја онаа која најмногу одговара на вашиот стил ова лето.

15 работи што секоја девојка треба да ги понесе со себе на летен одмор

Костим за капење што ќе ви стои одлично

Добриот и квалитетен костим за капење кој „се согласува“ со вашата форма на тело ќе придонесе да се чувствувате навистина самоуверено на плажа. Може да ви послужи за повеќе од една сезона, така што не треба да штедите и секако, одберете го внимателно.

15 работи што секоја девојка треба да ги понесе со себе на летен одмор

Голем пешкир за на плажа

Одберете голем и мек пешкир за на плажа со интересен дезен кој ќе го истакне вашиот стил.

15 работи што секоја девојка треба да ги понесе со себе на летен одмор

Млеко за сончање со висок заштитен фактор

Бидете заштитени при сончањето и секогаш кога се пакувате за на одмор не заборавајте да понесете со себе млеко за сончање. Ќе ве заштити од штетните ултравиолетови зраци, од појава на брчки и изгореници од сонцето, и секако, ја хидрира кожата.

15 работи што секоја девојка треба да ги понесе со себе на летен одмор

Разладувачки гел за после сончање

Гел од алое вера или слична состојка со разладувачки ефект навистина ќе ви помогне после многуте часови поминати под сонцето. Кога станува збор за разладување на кожата по сончање, наместо гел може да одберете и спреј. Сеедно, имајте го при рака на високите температури.

Маст за потхранување на усните

Грижата за усните во текот на летото не смее да се изостави. Со себе на одмор понесете го омиленото лабело или гроздова маст за да ги хидрирате усните и да го спречите оштетувањето од УВ зраците.

Книги и списанија

Одморот и излежувањето покрај вода се совршена прилика за читање. Понесете ги со себе омилените списанија и макар една книга.

15 работи што секоја девојка треба да ги понесе со себе на летен одмор

Таблети против болки и мачнина

Не, никој не го сака тоа на одмор, но имајте ги при рака чисто заради претпазливост. Ќе одите на нова територија, вашето тело ќе се соочи со различна клима и сосема поинаква храна. Консултирајте се со лекар или понесете ги со себе аналгетиците и таблетите кои обично ги консумирате кога ќе почувствувате мачнина.

Очила за сонце кои ви стојат „убиствено“

Не мора да бидат скапи, всушност пожелно е да не понесете со себе скапи очила за сонце кога одите на одмор бидејќи ризикувате да ги изгубите или скршите. Најважно е да ги носите со самодоверба и да ве заштитат од сонцето.

15 работи што секоја девојка треба да ги понесе со себе на летен одмор

Пред плажа: спакувајте свежо овошје и зеленчук

Свежото и сочно овошје, како и зеленчукот, ќе ве освежи и витаминизира додека сте изложени на сонце и ќе спречи дехидрација на организмот. Одбегнувајте тешка и брза храна на високи температури. Овошните и зеленчуковите салати се секогаш најдобри пријатели на вашето здравје. Уште една голема придобивка е тоа што многу овошја и зеленчуци содржат состојки кои ја хидрираат и заштитуваат кожата од сончевите зраци. На пример морковот ќе ви помогне да добиете подобар тен, грозјето има антиоксидантни дејства, а исто пожелно е да консумирате диња, ананас, лубеница, јагоди и сл.

15 работи што секоја девојка треба да ги понесе со себе на летен одмор

Кокосово масло

Кокосовото масло може да го користите како продукт за коса и тело. Со нанесување на косата, особено на врвовите, ќе спречите појава на суви врвови и оштетена коса. Исто, може да го користите и како масло за тело бидејќи ја хидрира кожата и дава одличен мирис, а познато е и по антицелулитните својства. Со тоа заштедувате пари кои инаку би ги потрошиле на други продукти, како и место во вашиот куфер.

Аксесоари за коса

Високи летни температури, плажа, сонце, слобода во вашиот стил на облекување. Аксесоарите за коса се секогаш добредојдени за време на летото. Одберете шарени и интересни додатоци за да не трошите време на правење фризури.

15 работи што секоја девојка треба да ги понесе со себе на летен одмор

Заштитна маска за телефон

Пожелно е да потрошите некој денар за добра заштита на вашиот телефон со оглед на тоа што на песокот на плажите тој ќе биде изложен на оштетување.

Шешир за заштита од сонце

Дали дамскиот шешир или спортското капче повеќе ја изразува вашата личност? Како и да е, понесете го со себе. Ќе ве заштити од силното сонце, а да не заборавиме дека е неизоставен моден додаток.

15 работи што секоја девојка треба да ги понесе со себе на летен одмор

Удобни обувки

Одберете лесни и удобни обувки, сандали и влечки за на плажа. Не потценувајте ја важноста на удобноста на вашето стапало.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар