15 работи кои треба да престанете да ги очекувате од другите

15 работи кои треба да престанете да ги очекувате од другите

Многупати сме страдале бидејќи некои луѓе не ги исполниле очекувањата кои сме ги имале за нив. Вистина е дека секој од нас ги сака основните работи како што е почит, но некои очекувања можат само да нè разочараат. Еве ги 15-те работи што не би требало да ги очекувате од другите.

15-raboti-koi-treba-da-prestanete-da-gi-ocekuvate-od-drugite-kafepauza.mk

1. Никогаш не ги судете другите според вашите стандарди

Треба да сфатите дека многу луѓе се поразлични од вас. Имаат други морали и принципи. Фокусирајте се на вашето чувство за добро и лошо и никогаш не го наметнувајте на друг. Сè додека некој не ве повредил, немојте да го судите.

2. Никој не е совршен

Не можете да очекувате некој да биде направен совршено за вас. Разочарувањата се дел од животот. Несовршеностите се направени за да бидат совршени. Опсесијата сè да биде совршено понекогаш може да биде многу опасна.

3. Не очекувајте секој да се согласува со вас

Дури ни најдобрите пријатели не се согласуваат во сè. Можете да не се согласувате во ништо, и сè уште да имате прекрасни врски.

4. Никој не може да ви ги чита мислите

Постојат интуитивни личности, но ова не ги прави сите чувствителни и читачи на мисли. Не се сите луѓе исти, па затоа престанете да очекувате да се случат чуда кога знаете како некој размислува.

5. Немојте да мислите дека другите ќе ви помогнат

Ова може да биде погрешно очекување во блиските врски. Но многу луѓе денес не би ви подале рака кога тоа би ви требало. Секој си има свои проблеми, па затоа вие самите справувајте се со вашите.

6. Нема сите да ве разберат

Нема потреба сите да ве разбираат. Она што е важно е функционална врска со вашите блиски. Не ви треба прифаќање од секој.

7. Не мислете дека другите ќе ве третираат како вие нив

Иако ова изгледа како совршено правило, работите не излегуваат секогаш како што сме сакале. Подобро соочете се со реалноста и бидете фер кон сите. Не ја очекувајте благодарноста и сочувството од другите.

8. Луѓето се менуваат

Повеќето луѓе се менуваат со секоја помината година. Светот во којшто живееме не е совршен и секој ден е нова битка каде што повеќето нè осудуваат. Луѓето се менуваат со текот на времето и важно е да ги спуштите вашите стандарди.

9. Ретко кој ги средил сите свои проблеми

Животот знае да биде негативен и повеќето од нас се соочуваат со падови. Понекогаш не е можно сè да биде во ред. Важно е ваквите падови да ги прифаќате полесно.

10. Создадете чувство на љубов однатре

Треба да бидете способни самите да се љубите. Наместо да ја трошите на неискрени луѓе, пробајте самите да си подарите малку љубов.

Треба да ви стане јасно дека животот не е секогаш лесен и дека некои работи ќе ги добиете само со многу труд. Штом ќе го сфатите ова, разликата ќе биде очигледна.

12. Не очекувајте другите да бидат секогаш фер

Животот е како бојно поле. Научете дека некогаш нема да добиете ништо за возврат.

13. Престанете да мислите дека противниците нема да успеат

Ова е многу чест проблем. Сè што можете да направите е да го извлечете најдоброто од себе и да не очекувате нешто за возврат. Наместо да се фокусирате на другите, фокусирајте се на себе!

14. Контролирајте ги вашите пари

Не очекувајте некој друг да ви ги плати сметките. Дури и со најдобро однесување, вашите блиски не се должни да ви ги плаќаат сметките. Треба да бидете финансиски стабилни и независни.

15. Поставувајте си стандарди само за вас

Многу е важно да заборавите на очекувањето дека некој ќе ги исполни сите ваши очекувања за совршеност. Можете да си поставите стандарди само за вас, но другите нема да го следат тоа. Прифатете го ова и продолжете понатаму.

Прочитајте и за моќта на живеењето без очекувања!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар