15 работи кои ќе ги научите само кога самостојно ќе се соочите со животот

Животот е составен од прекрасни, возбудливи, интересни, но и застрашувачки моменти. Сите тие заеднички се испреплетуваат и го прават животот еден и единствен. Понекогаш животот ни дава тешки удари, но не за да запреме и да се откажеме, туку за да станеме посилни од кога било порано. Еве со кои животни ситуации треба самостојно да се соочите и кои ќе ви откријат неверојатни животни лекции.

1-15-raboti-koi-kje-gi-nauchite-koga-samostojno-kje-se-soochite-so-zhivotot-www.kafepauza.mk_

1. Ќе научите дека понекогаш можете да се обидувате неуспешно да му објасните нешто на некого, што може да биде сфатено само кога истото ќе им се случи и на нив.

2. Започнувате да сфаќате дека на крајот само вие можете да си помогнете себеси и тогаш почнувате активно да ги решавате проблемите.

3. Полесно ви е кога не разговарате за некои работи, бидејќи потсвесно почнувате да очекувате дека ќе се случат и се разочарувате кога нема да се случи она за кое сте мислеле дека ќе се исполни.

4. Сфаќате на кого навистина му е грижа, а кој само глуми. Вистинските пријатели се познаваат во тешките времиња.

5. Сфаќате дека некои од вашите најдобри пријатели не ве познаваат во вистинското светло, туку знаат само еден дел од вас. Со други зборови, ве сакаат кога сте среќни, но не и кога сте тажни.

3-15-raboti-koi-kje-gi-nauchite-koga-samostojno-kje-se-soochite-so-zhivotot

6. Некои луѓе ги намалуваат вашите проблеми, бидејќи не се опасни по живот и затоа нема да ве слушаат. Од тие луѓе бегајте што подалеку.

7. Започнувате да барате одговори наместо да барате одобрувања и решенија надвор од себе. Тоа значи дека ги правите работите според сопствена проценка.

8. Учите како да бидете одговорни за сопствениот живот. Ако нешто погрешите, вие сте одговорни и не ги обвинувате другите луѓе за вашиот неуспех. Едноставно учите како да ги водите сопствените битки, бидејќи не е секој на вашата страна.

9. На тежок начин учите како да се прифатите себеси. Тешко е кога мислите дека сте сами, а уште потешко е да мислите дека не сте вие виновни за тоа. Мислите дека сте лоша пријателка, но на крајот учите да не ги земате некои работи лично и да бидете силни додека сте сами.

10. Учите да се носите со самотијата. Ги прифаќате вашите мисли, вашата збунетост и стравовите. На крајот станувате бестрашни.

2-15-raboti-koi-kje-gi-nauchite-koga-samostojno-kje-se-soochite-so-zhivotot-www.kafepauza.mk_

11. Започнувате да сфаќате дека секој има некоја улога во вашиот живот, а на некои луѓе таа улога и не е толку важна. Некои се тука само привремено и нема да ви бидат пријатели до крајот на животот.

12. Станувате повнимателни кога се во прашање идните љубовни врски. Повеќе не сте толку доверливи и не се доверувате толку лесно. Поставувате граници со оние на кои можеби вашето добро не им е во интерес.

13. Понекогаш е подобро на луѓето да не им кажете сѐ за себе, бидејќи никогаш не знаете како или кога некој ќе го искористи тоа против вас.

14. Сфаќате дека самите можете да се дигнете после падот и дека не ви е потребно да се потпрете на никого.

15. Ова е тешка лекција, но и најважна. Можете да преживеете единствено сами, бидејќи некои луѓе само сакаат да ве повлечат на дното.

Погледнете на кои реченици треба да се сетите кога ви изгледа дека животот не е фер.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар