15 неверојатни нешта што со сигурност ќе ви се случат кога ќе се заљубите во вашиот живот

Ако некоја личност е среќна сама со себе и ги има прифатено своите предности и недостатоци, тогаш и другите луѓе ќе бидат среќни околу неа. Ако сакате да бидете среќни и подготвени сте да работите на себе, тогаш морате најпрво да се свртите кон вашите потреби, и да дознаете кои сте и што сте, односно што навистина сакате од животот. Низ следниве 15 чекори запознајте се самите себе и засакајте си го животот, откријте ја вашата страст и целите за кои копнеете.

1-15-raboti-koi-kje-se-sluchat-koga-kje-se-zaljubite-vo-vashiot-zhivot-www.kafepauza.mk_

1. Ќе ја откриете вашата страст и ќе ѝ посветите дел од вашето време

Љубовта е прекрасна, но не е единствената вредност во животот. Постојат многу работи за кои човекот може да има страст – уметност, музика, животни, работа, вежбање, дружење… Кога ќе започнете да се заљубувате во вашиот живот, наместо целата ваша енергија да ја вложувате во врската, ќе почнете да откривате работи кои во вас ќе разгорат оган. Фокусирањето на работите кои ве веселат, кои ве окупираат и кои ве поттикнуваат на нови предизвици ќе ве задоволат многу повеќе отколку моменталната романса.

2. Ќе имате подобар увид во своите желби и потреби

Да се заљубите во својот живот значи да си посветите време и да истражите што сакате, што ве радува и што сакате од животот. Тоа се однесува на целите, но и на потенцијалните патишта кои ќе ве доведат до таа цел. Ако сте свесни што ве радува и што сакате од животот, ќе знаете и што сакате од врската и партнерот со кој би биле подготвени заеднички да се соочите со животните предизвици.

3. Ќе започнете да ги вреднувате сите односи кои ги имате, без фокусирање на нешто што немате

Романтичниот однос не е единствен вид љубов која ја исполнува човековата среќа. Кога ќе го поместите фокусот од љубовниот живот кон пријателите, семејството, па дури и кон некои платонски односи, ќе сфатите колку сите тие врски влијаат на среќата и задоволството во вашиот живот.

2-15-raboti-koi-kje-se-sluchat-koga-kje-se-zaljubite-vo-vashiot-zhivot-www.kafepauza.mk_

4. Ќе живеете онака како што отсекогаш сте посакувале

Кога ќе се заљубите во својот живот, ќе сакате да ја искористите секоја минута. Ќе сакате да патувате на нови места, да испробувате нова храна, да истражувате и да живеете како што сакате. Нема ништо лошо во тоа. Сакањето на својот живот значи да уживате во она што го имате и да ги следите сопствените цели. Тоа е вистинско живеење.

5. Ќе обрнувате поголемо внимание на кариерата, хобито, патувањата…

Кога не сте фокусирани на љубовната врска, повеќе време ќе посветувате на другите работи како што се кариерата, хобито, иднината, пријателите, финансиите и слично. Вашите приоритети се менуваат на здрав начин и самите создавате свои граници и одлучувате до каде сте подготвени да отидете.

6. Ќе поминувате повеќе време правејќи нешто што сакате, наместо да посакувате нешто да ви се случи

Губењето време на ТВ серии или не правејќи ништо е одеднаш неприфатливо. Ќе започнете да им се посветувате на работите кои ви овозможуваат да ги проширите видиците, да учите нови работи, да стекнувате нови искуства. Просечниот живот повеќе не е доволен. Кога го сакате својот живот попрво би правеле сешто отколку пасивно да ги проучувате другите околу вас како го живеат својот живот.

3-15-raboti-koi-kje-se-sluchat-koga-kje-se-zaljubite-vo-vashiot-zhivot-www.kafepauza.mk_

7. Ќе ги слушате туѓите совети и ќе им посветите на другите дел од вашето време

Сакате да учите, да ги слушате туѓите искуства, да растете и да бидете инспирирани. И затоа, благодарни сте на секој добар совет којшто ќе го добиете, но исто така подготвени сте и да поделите дел од сопственото искуство на оние на кои им е потребно, во облик на совет или предупредување.

8. Повеќе време ќе уживате во малите работи

Одеднаш убавото заоѓање на сонцето или миленикот кој се стиснал со вас на каучот имаат многу подлабоко значење. Ќе започнете да обрнувате внимание на секојдневните работи кои ве радуваат и од нив произлегува благодарност на всушност убавиот живот кој го имате, но за кој претходно не сте биле свесни.

9. Ќе уживате да работите на себе

Ќе живеете живот кој е во согласност со вашите цели и желби. Благодарни сте на сето добро што го имате во животот, но тоа не значи дека не вложувате труд да ви биде уште подобро. Сакате да постигнете уште повеќе, да отидете чекор понатаму и да живеете живот за кој претходно само сте сонувале. Вложувањето на толку енергија во целите сигурно нема да биде фрлена напразно.

4-15-raboti-koi-kje-se-sluchat-koga-kje-se-zaljubite-vo-vashiot-zhivot-www.kafepauza.mk_

10. Ќе поминувате повеќе време надвор до домот

Сега светот околу вас има поголема вредност. Пронајдовте страст во новото хоби или активност, како што се планинарење, посета на музеи или претстави, или пиење кафе со пријателите. Едноставно сакате да бидете тука и сега, и да уживате во секој момент.

11. Ќе уживате во сеќавањата кои ќе ги создадете со вашите пријатели

Кога ќе уживате со себе и во својот живот, не барате исполнување на желбите низ другите луѓе или љубовните врски. Се чувствувате исполнети, бидејќи уживате во своите активности, во комуницирањето со вашите најблиски и создавањето на убави сеќавања кои ќе ве следат низ животот. Вашата среќа не зависи само од една личност, туку од низа фактори од кои најважни сте вие самите и вашето доживување на светот.

12. Ќе се чувствувате поскромно и поблагодарно од претходно

Секој ден е подарок сам за себе, и секојдневното поттикнување на тоа ќе создаде благодарност за работите кои луѓето знаат да ги земат здраво за готово. Се потпирате на верата во себе или на некоја виша сила, дека ќе пронајдете сила и храброст да поминете низ лошите периоди од животот. Ако верувате дека ќе пронајдете љубов кога ќе биде вистинското време, најверојатно тогаш кога вие ќе бидете подготвени да го прифатите партнерот како заокружена личност со сите предности и недостатоци, тоа и ќе се случи.

5-15-raboti-koi-kje-se-sluchat-koga-kje-se-zaljubite-vo-vashiot-zhivot-www.kafepauza.mk_

13. Вашата среќа ќе се базира на многу работи, а не само на врската

Вашиот сингл статус повеќе не ви е товар или нешто негативно во врска со вас. Ќе се помирите со вашиот романтичен живот и нема да барате партнер кој ќе ви ја пополни празнината во срцето. Наместо тоа, вашата среќа ќе зависи од вашите искуства, вашите страсти, односно од луѓето во вашиот живот и од вас самите.

14. Ќе чувствувате задоволство заради сето она што сте го постигнале

Кога ќе се заљубите во својот живот, а не во личност, ќе започнете да се вреднувате себе и сето она што сте го поминале во животот. Започнувате да ја гледате вашата цел и како настаните од вашиот животот ве обликувале и ве промениле. Започнувате да сфаќате дека патот кој сте го поминале за да бидете личноста која сте денес воопшто не бил едноставен, горди сте на сето она што сте го поминале, но и возбудени за она што може да дојде.

15. Ќе ја научите турбулентната реалност на искуствата, чувствата и сеќавањата кои ги создава љубовта кон себе

И понатаму ќе има денови кога ќе бидете депресивни или безволни, но тоа е нормално. Но, промената на внатрешниот фокус од друга личност кон себе ќе ве научи како да ги чувате своите чувства, срце и здравје. Ќе научите дека е во ред да се ставите себеси на првото место, бидејќи ако вие не сте среќни, нема да можете да ги усреќите ниту другите. И за крај, ќе научите дека кога се сакате самите себеси и другите започнуваат да ве сакаат, бидејќи сјаете со среќа, самодоверба и љубов кон сите. А, тоа на сите им е привлечно.

Прочитајте ги овие совети што ќе ви помогнат да ја развиете љубовта кон себе.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар