15 начини за забрзување на вашиот метаболизам

Автор: Моника Трајковска

Без разлика дали се обидувате да ја намалите својата тежина или да ја задржите истата, овие неколку трикови од нутриционистот Хедер Бауер ќе ви помогнат да го забрзате вашиот метаболизам и да пристигнете до својата цел многу побрзо.

1. Пијте многу вода

Пиењето 8 чаши вода дневно е повеќе од доволно за вашето здравје. Водата исто така помага при одржување на тежината и забрзување на метаболизмот.15 начини за забрзување на вашиот метаболизам

2. Одржувајте го нивото на калциум

Истражувањата за проблемите со зголемената тежина, покажуваат дека ниските нивоа на калциум можат да го активираат хормонот кој предизвикува задржување на мастите кои би требало да бидат исфрлени. Нискокалоричните млечни производи можат да ви помогнат многу со одржување на калциумот.

3. Избегнувајте ги алкохолните пијалаци

Излегувањата со друштвото и доцните забави проследени со многу алкохол влијаат на вашиот метаболизам наредниот ден. Истражувањата покажуваат дека наредното утро вашиот метаболизам е значително забавен и во комбинација со мамурлакот се создава двојна катастрофа во вашиот организам.15 начини за забрзување на вашиот метаболизам

4. Намалете го стресот

Стресот го зголемува нивото на кортизол во вашето тело. Кортизолот е хормон, кој му дава команда  на организмот да ги задржува маснотиите при интензивни стресни ситуации. Пробајте со јога или медитација да го намалите стресот и да се смирите себеси.

5. Јадете редовно

Редовното јадење помага при создавање ред во вашето тело. Доколку прескокнувате оброци, се забавуваат главните функции на вашиот метаболизам. Во моментите кога сте гладни, а немате време или можност за целосен оброк, доволно е да изедете барем малку овошје, зеленчук или да се напиете  јогурт. Со изгладнувањето ги саботирате сите напори за одржување на телесната тежина.15 начини за забрзување на вашиот метаболизам

6. Намалете со диеталните пијалаци

И покрај тоа што имаат помалку калории и изгледаат како лесен начин за намалување на тежината, диеталните пијалаци можат да имаат негативни ефекти врз вашиот метаболизам. Водата е многу подобар избор, но ако веќе сте одлучиле пробајте да ја ограничите консумацијата на најмногу 2 чаши неделно.

7. Спијте редовно

Спиењето од 6 до 8 часа секоја вечер е од голема важност за поздрав метаболизам. Секое спиење под 6 часа влијае врз способноста на вашето тело да согорува калории. Можеби ќе се  изненадите, но и премногу спиење може да го има истиот ефект. Најдобро за вас би било доколку пробате да одржувате константност при спиењето и да се будите отприлика во исто време секое утро.15 начини за забрзување на вашиот метаболизам

8. Вежбајте на ладно

Правењето какви било кардио-вежби во поладна просторија ќе ја зголеми способноста на кафените маснотии во вашето тело. Новите истражувања покажуваат дека овој вид маснотии помага при согорување на белите маснотии во вашето тело, кои се познати како „лоши маснотии“.

9. Излегувајте почесто на сонце

Истражувањата покажуваат дека кога една личност  поминува подолго време во затемнета и безживотна околина, се стимулираат оние психолошки функции во телото кои се појавуваат при добивање зголемена тежина или подолго спиење. Искористете го периодот помеѓу 11 и 15 часот за дневна прошетка. На тој начин ќе ја зголемите енергијата, ќе ја подобрите работата на срцето и свежиот воздух ќе има позитивно влијание на вашиот организам.15 начини за забрзување на вашиот метаболизам

10. Пијте чај од Комбуха

Овој чај кој е направен од црната Комбуха печурка, денес има голема примена во медицината. Тој помага за најразлични видови проблеми, од намалување на артритис до детоксикација на црниот дроб. Токму таа способност за детоксикација на овој вид чај, може да ви помогне во одржување на вашиот метаболизам.

11. Почнете да вежбате со тегови

Со зголемување на мускулната маса, вие го забрзувате и вашиот метаболизам за околу 40%. Не е потребно да претерувате со тежината на теговите, доволно е да употребувате полесни тегови со поголемо повторување на вежбите. На тој начин ќе ја зголемите мускулната маса и вашето тело побрзо ќе ги согорува маснотиите.15 начини за забрзување на вашиот метаболизам

12. Повеќе витамин Ц

Витаминот Ц и калциумот се „партнери во криминал“ кога станува збор за брзината на вашиот метаболизам. Калциумот го забрзува метаболизмот, додека пак витаминот Ц му помага на телото при апсорбирање на минералите со што се создава победничка ситуација.

13. Пијте Зелен чај

Состојките во зелениот чај имаат уникатна способност за забрзување на вашиот метаболизам. Меѓутоа за да ги забележите ефектите од зелениот чај треба да пиете од 4 до 5 чаши дневно.15 начини за забрзување на вашиот метаболизам

14. Витаминот Б е клучот

Внесувањето на витамин Б во вашиот организам преку јадење мали количини на ореви, бадеми, сончоглед, говедско месо и риба, може многу да помогне при одржување на здрав метаболизам. Недостатокот на овој витамин негативно влијае на вашата енергија.

15. Јадете риба

Рибите како туната и лососот содржат масти кои го зголемуваат лептинот во телото, хормонот кој е задолжен за регулирање на апетитот.15 начини за забрзување на вашиот метаболизам


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Елена Reply

    Одлични совети!

  2. Pasha Reply

    ” Искористете го периодот помеѓу 11 и 15 часот за дневна прошетка.”
    Добро бе дали сте вие нормални? На 50 степени ја да искачам на прошетка? Има да изгорам, и веројатно да добијам уште некоја болест

    • Кафе пауза Reply

      Таа точка може да се скокне периодов. Постот е првпат објавен во зимска сезона. Сепак, останатите совети се добредојдени за кој било период од годината.

  3. MAJA Reply

    SUPER E SE OSVEN TOA 4 DO 5 CHASHI ZELEN CHAJ IAKO E MNOGU DOBAR I ZDRAV TOLKU MNOGU ZELEN CHAJ NA PODOLG PERIOD NE E NAJPREPORACHLIVO! 1 DO 2 NA DEN E SOSEMA DOVOLNO!
    I SEKOJ SOVET MOZE DA SE PRILAGODI, NAMESTO DA PESHACHISH OD 11 DO 3 MOZHESH DA TRCHASH ILI DJOGIRASH ILI BRZO PESHACHENJE NA KEJ ILI BILO KADE POSLE 8 NAVECHER ILI AKO MOZHESH DA SI DOZVOLISH RANO SABAJLE DO 6 NAJKASNO VO OVOJ PERIOD OD GODINATA SE RAZBIRA!

Остави коментар