15 начини на кои вие и вашиот партнер можете во целост да го искусите доаѓањето на пролетта

15 начини на кои вие и вашиот партнер можете во целост да го искусите доаѓањето на пролетта

Вклучувајќи го и денешниов ден, пред вас се четири слободни денови кои можете да ги искористите за убаво да се одморите, да поминете квалитетно време со љубениот/љубената и да го прославите доаѓањето на пролетта.

15 начини на кои вие и вашиот партнер можете во целост да го искусите доаѓањето на пролетта

Погледнете ги овие начини на кои можете да ги доживеете во целост сите придобивки кои ги нуди пролетта и да ги споделите со онаа личност која навистина ви значи во вашиот живот.

1. Седете тивко на отворено и слушајте го звукот на ветрот. Набљудувајте ги неговите/нејзините очи и насмевка и едноставно уживајте во вашето присуство.

2. Посадете надворешна градина или изградете внатрешен терариум. Работата со земја може да има навистина терапевтска вредност.

3. На дождлив ден излезете на прошетка со вашиот партнер и без размислување скокајте во вирови. На овој начин ќе ги стимулирате хормоните како окситоцинот, кои ја зајакнуваат љубовта.

4. Обидете се да стигнете до почетокот на виножитото сè додека тоа не исчезне и дозволете му нему да ве води низ просторот.

5. Направете долга прошетка во паркот и обидете се да ги забележите сите промени кои пролетта ги донела со себе.

6. Најдете изолирано место во природа каде што ќе имате целосна приватност и бакнете се како да сте повторно тинејџери.

7. Испланирајте заедничко патување во природа, без разлика дали ќе биде надвор од градот, на клупа во парк или пак, во вашиот двор. Без разлика каде сте, дозволете му на сонцето да ве загрее.

8. Заклучете ги вашите смартфони во фиока и излезете на денско кафе каде што ќе можете да разговарате без никакви прекини.

9. Посетете го забавниот парк и дозволете си накратко да бидете деца и да се радувате на сите оние нешта кои тој ги нуди.

10. Посетете ја реката или езерото во вашиот град и фрлајте камчиња во водата.

11. Најдете отворено поле и пуштете ги змејовите од хартија да летаат во воздухот.

12. Посетете ја зоолошката градина и фокусирајте се на звуците кои ги прават животните, особено птиците.

13. Играјте фризби и забавувајте се на чист воздух цело попладне.

14. Испланирајте пикник со јагоди, сирење и шампањ. Или пак, спакувајте огромни сендвичи со шише вино и вода. Направете нешто несекојдневно кое и двајцата долго ќе го помните. Во случај да врне, вие секогаш можете да го направите овој пикник во вашата дневна соба, со медитативна музика со звуци од природата.

15. Постелете ќебе на трева или на плажа, легнете и набљудувајте ги облаците. Обидете се да наоѓате различни форми и правете приказни од она што го гледате пред вас.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар