15 начини да ја освоите секоја девојка

На многу мажи никогаш не им е јасно на кој начин треба да ѝ пристапат на жена, поради што пропуштаат многу шанси да ја заведат онаа која многу им се допаѓа. Овие 15 совети ќе ви помогнат повеќе да не правите грешки со жените кои сакате да ги привлечете, а јас како претставничка на понежниот пол, одговорно тврдам дека во нив се крие многу вистина. :)

15 начини да ја освоите секоја девојка

1. Треба да разговарате на „емотивни“ теми, како што се вашите спомени од детството, идните амбиции или за нејзината страст во животот. Ваквите разговори ќе ја разбудат нејзината емотивна страна.

2. Жените сакаат покрај себе да имаат момче кое не се плаши да ја предводи. Додека зборувате со девојката којашто ви се допаѓа, преземете ја контролата врз разговорот. Никогаш не чекајте таа да ја диктира темата на која ќе зборувате.

3. Обрнете внимание на невербалните сигнали кои ви ги испраќа девојката. Доколку стоите премногу блиску до неа, не сакајќи плукате накај неа додека зборувате или правите да се чувствува непријатно на кој било начин, таа ќе ви испрати некакви невербални знаци, со говорот на телото. Обрнете внимание на нив, за да знаете дали сте на прав пат кон освојување на нејзиното срце.

4. Запомнете го мотото: „Бидете забавни, но не и смешни“. Жените ги привлекуваат мажи кои им дозволуваат да се забавуваат. Немојте да се концентрирате, кажувајќи ги најдобрите шеги и вицеви. Наместо тоа, концентрирајте се да ѝ ја покажете вашата возбуда и уживањето во нејзиното друштво.

5. Задевајте ги жените. Еден од најлесните начини да го одведете разговорот кон едно забавно и флертувачко ниво, е да започнете да ги задевате и закачкате жените. Вратете се назад во времето кога бевте дете и си игравте на игралиштето. Во светот на љубовта и состанувањето ќе биде ефикасно сето она што било ефикасно и на игралиштето.

6. Бидете поинтимни, поблиски со неа. Жените се „палат“ на мажи кои не се плашат да го одведат разговорот на лично, поинтимно ниво.

7. Заведете ја играјќи игра на погодување, каква личност е таа. Жените сакаат да слушнат какво мислење имате за неа. Кажете ѝ што забележувате кај неа. Верувајте, ќе го обожава тоа.15 начини да ја освоите секоја девојка8. Избегнувајте премногу да ѝ делите комплименти. Жените не ги привлекуваат мажи кои постојано сакаат да го покренуваат вниманието. Доколку ѝ давате премногу комплименти на жена, таа ќе помисли дека сакате да ја импресионирате, а со тоа ќе постигнете само спротивен ефект.

9. Доколку сакате да научите како да разговарате со неа, а притоа да не ѝ станете досаден, имајте на ум дека не треба да ѝ поставувате премногу прашања како да е на интервју. Наместо тоа, изразете го вашето мислење и ставови за работите.

10. Запомнете: давајте изјави наместо да поставувате прашања! Па така, наместо да ја прашате: „Во кој град порасна?“, речете: „Не изгледаш како да имаш израснато овде.“ Ова ви овозможува да покажете кој е вашиот карактер и да правите претпоставки за неа, на кои таа со овој пристап, со задоволство ќе ви одговори дали се точни или не.

11. Немојте да го криете вашиот идентитет. Не плашете се да разговарате со неа за сето она за коешто чувствувате страст во животот. Жените сакаат возбудливи теми на разговор.

12. Кажете ѝ нешто со кое ќе ѝ дадете на знаење дека ја доживувате на „сексуален“ начин. Доколку не го сторите тоа, ризикувате да останете само во пријателската „зона“.

13. Забавувајте се со некои разговорни игри од типот на „Вистина или предизвик“ за да го одржите расположението и флертот на добро ниво.

14. Не предавајте ѝ се многу лесно. Жените сакаат мажи кои им поставуваат предизвик. Доколку сакате некоја да остане заинтересирана за вас, треба да направите да се почувствува како полека, но сигурно ви го освојува срцето. Доколку мисли дека сте премногу лесна цел… брзо ќе го изгуби интересот за вас.

15. И за крај, најдобриот начин на размислување за тоа како треба да разговарате со жена за да го освоите нејзиното срце, е да помислите во каков забавен, разигран и сексуален разговор, најмногу вие би уживале. Заведувањето не треба да биде нешто тешко кое ќе ви создава притисок. Единствено треба да бидете свесни за она што ги „пали“ и она што не ги „пали“, а тоа кај жените секогаш се оцртува на нивното лице. Треба само внимателно да ја гледате и слушате. Следете ја оваа листа и со сигурност ќе поминете одлично на вашиот следен состанок.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Manu Reply

    aj pisete kako da osvoite momcei za zenskite ne samo za maskite

Остави коментар