15 моќи на морската сол што може да заменат цела шака лекови

15 моќи на морската сол што може да заменат цела шака лекови

Морската сол е природна, здрава и има терапевтски својства, но пред да ви ги откриеме нејзините предности, морате да знаете дека се создава со природни процеси на испарување на солената вода, при што сите нејзини состојки остануваат зачувани. Благодарение на над 80-те елементи во составот, морската сол чудотворно делува на здравјето, кожата и косата.

1-15-mokji-na-morskata-sol-koj-mozhe-da-zamenat-cela-shaka-lekovi-www.kafepauza.mk_

Најголемата разлика помеѓу морската и кујнската сол е што со сушењето на повеќе од 650 Целзиусови степени, кујнската сол ја менува својата хемиска структура, па не ги содржи потребните елементи и минерали како природната сол. Во морската сол, освен натриум хлорид, наоѓаме дури осумдесет различни елементи во траги како калиум, магнезиум и манган, па затоа таа прави чуда за вас. Еве кои се предностите на морската сол.

1. Морската сол има ефект на алкализација кој помага во балансирањето на нивото на киселост во телото, па така ги елиминира потенцијалните ризици од фатални болести.

2. Може да го зајакне имунолошкиот систем, а тогаш телото станува поотпорно на разни автоимуни болести како грип, алергија и слично.

3. Има значајни ефекти брз кардиоваскуларниот систем. Научниците докажале дека редовното консумирање морска сол растворена во вода може значително да го намали нивото на лошиот холестерол во телото. Исто така, го држи крвниот притисок под контрола и ја нормализира неправилната работа на срцето.

4. Метаболичните нарушувања, како дијабетесот, може успешно да се третираат и лекуваат со морска сол, бидејќи таа помага при намалување на нивото на шеќер во крвта.

5. Повеќе од 20% натриум во нашето тело се акумулира во коските, кои пак се оштетуваат заради недостаток на минерали во крвта и телесните течности. Додавањето морска сол во исхраната може да ви помогне да ја избегнете или забавите остеопорозата.

6. Морската сол, исто така, е корисна за системот за дишење, а минералите и олигоелементите, односно структурните делови на алги кои ги содржи морската вода помагаат при заздравување на слузницата. Морската вода има благи антисептички и антибактериски ефект, благодарение на калциумот и магнезиумот.

7. Морската сол е извор на калиум (кој го олеснува функционирањето на мускулните влакна), па токму затоа благотворно делува на грчевите.

8. Морската сол се семата за природен прочистувач на крвта. Содржи голема количина витамин Ц кој делува како антиоксиданс и ги уништува слободните радикали. Магнезиумот пак овозможува ефикасно делување на антиоксидансот. Па така, морската сол овозможува детоксикација на клетките на кожата апсорбирајќи ги сите отровни состојки од нив.

9. Бидејќи солта ги извлекува токсините од телото, кожата станува мека и здрава. Затоа купките со морска сол може да го подобрат нејзиниот тонус. Таквата купка ќе го поттикне и излачувањето на непотребната вода од кожата и сврзните ткива, со што се спречува насобирање на непотребна течност, па кожата станува чиста, мазна и здрава.

10. Морската сол е полна со витамини и минерали од витална важност за правилна исхрана на клетките. Тие хранливи состојки може да го подобрат клеточниот метаболизам, да го одржуваат ткивото хидратизирано, да ја поттикнат циркулацијата и да ја зголемат силата на клеточната мембрана.

3-15-mokji-na-morskata-sol-koj-mozhe-da-zamenat-cela-shaka-lekovi-www.kafepauza.mk_

11. Калциумот помага при ослободување на зачепените пори на кожата.

12. Морската сол е идеала како природен пилинг на кожата, бидејќи нејзината текстура помага да се отстрани горниот слој мртви клетки од кожата.

13. Таа е природен лек за мрсната коса. Морската сол може да го апсорбира вишокот масла од вашите влакна, правејќи ја косата мазна и убава.

14. Со помош на многуте минерали кои се присутни во морската сол косата ќе го добие потребниот волумен, а вашите влакна со леснотија ќе потскокнуваат. Исто така, морската сол може да им даде доволно хранливи состојки на фоликулите кои ќе ја направат косата помека.

15. Морската сол е одлична и во борбата проти првутот. Делува директно на кожата и ја спречува нејзината сувост.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар