14 знаци дека повеќе се плашите да започнете врска отколку да останете сингл

14 знаци дека повеќе се плашите да започнете врска отколку да останете сингл

Сигурно познавате луѓе кои постојано се гледаат со некого. Секогаш имаат придружник или придружничка каде и да отидат и покрај тоа што врските не им траат долго. Тие само преминуваат еден на друг љубовен партнер, затоа што се плашат да останат сами. Од друга страна, пак, постојат и оние кои не сакаат да излегуваат на љубовни состаноци. Тие секаде се појавуваат сами и не можете да се сетите кога последен пат сте ги виделе со партнер. Доколку се пронаоѓате во вториот случај, постои голема веројатност дека се плашите да започнете љубовна врска. Ова се 14-те знаци што ќе ви го потврдат сомнежот…

14 знаци дека повеќе се плашите да започнете врска отколку да останете сингл

1. Попрво би останале дома да гледате серија, отколку да излезете со потенцијален партнер. Доста ви е веќе од сите неуспешни љубовни состаноци што ве разочарале и не ги исполниле вашите очекувања. Барем знаете дека серијата нема шанси да ве разочара.

2. Постојано велите дека сакате да се одморите од љубовните состанувања и дека немате време за нив. Знаете дека ова се само изговори, но баш ви е гајле.

3. Не можете да се сетите кога последен пат сте се депилирале. Навистина ли поминало толку многу време? Па, и онака нема кој да ве гледа. Ќе се издепилирате некогаш. Тоа не е на вашата листа на приоритети.

4. Не можете да закажете љубовен состанок неколку дена однапред. Доколку вашето друштво организира излегување, немате никаков проблем да се договорите дури и две недели однапред. Но, кога станува збор за љубовните состаноци, смислувате 101 причина зошто тој ден не ви одговара. Четврток сте презафатени, сабота сте веќе договорени, наредната недела ви е хаос. Можеби наредниот месец? Ви нема рамен кога станува збор за одбивање потенцијални додворувачи, секогаш можете да измислите добар изговор.

5. Сте отишле само на голем број ПРВИ љубовни состаноци. Па, дури и на втори, но ретко кога сте стигнале до четвртиот љубовен состанок. Ако воопшто стигнете до таму, ќе почнете да му наоѓате мани на потенцијалниот партнер и несвесно ќе го оддалечите од вас.

14 знаци дека повеќе се плашите да започнете врска отколку да останете сингл

6. Сметате дека љубовните врски се напорни. Да не се лажеме, врските навистина одземаат голем дел од времето. Веројатно ќе треба да се откажете од некое ваше хоби, нема да имате толку време за вашите пријатели, нема да можете да отидете на спонтан незаборавен викенд со друштвото… А да не почнеме да зборуваме за тоа дека постојано ќе треба да правите компромиси. Дали вреди целата мака? Вие сметате дека не.

7. Себични сте и го знаете тоа. Не сакате да го делите вашиот кревет или храна со никого. Не сакате да се консултирате со некого за тоа што да нарачате денес за вечера или каде да одите на одмор. Сакате за сето тоа да одлучувате сами.

8. Среќни сте за вашите заљубени и венчани пријатели, но не можете да ги разберете. Мислите дека на некои луѓе едноставно им е судено веднаш да си најдат партнер и да бидат во врска, но вие не спаѓате во таа категорија. Сметате дека вие сте премногу комплицирани за да може некој да ве разбере (освен вашите пријатели) и тоа не ви пречи.

9. Идејата дека засекогаш ќе останете сингл не ве плаши, ниту депримира. Знаете дека имате прекрасни пријатели кои секогаш ќе бидат тука за вас и тие се вашите сродни души. Освен тоа, имате исполнет живот и сосема сте си доволни самите на себе.

10. Не сте се помириле со вашето минато. Без разлика дали се работи за невозвратена љубов, или, пак, многу сте се изгореле и сега не верувате никому, веројатноста е дека не ви се брза да започнете врска додека не расчистите со вашето минато.

14 знаци дека повеќе се плашите да започнете врска отколку да останете сингл

11. Не можете да се сетите кога последен пат сте ги запознале пријателите и семејството со вашиот љубовен интерес. Веројатно тоа никогаш не се случило. Не зборуваме за оние непријатни случајни среќавања кога некој ваш пријател налетал додека сте биле на љубовен состанок и вие сте го претставиле потенцијалниот партнер со: „Ова е… (пауза)… другарче од порано“. Едноставно сметате дека никој не е доволно добар за да можете да го воведете во вашиот поблизок круг на луѓе.

12. Не ви се допаѓа зборот „врска“. Секогаш велите или „Само се гледаме“ или „Не е ништо сериозно“. Доколку сте ги употребиле овие зборови за да опишете некого со кого се гледате неколку месеци, тогаш самиот факт што се плашите да го спомнете зборот „врска“ е знак дека се плашите да бидете во врска.

13. Не сте сигурни кои сте. Доколку сѐ уште не сте сигурни што сакате во животот, во што верувате и што ви е важно, знаете дека ако вмешате уште еден човек во целиот ваш хаос, тоа само уште повеќе ќе ги искомплицира работите. Токму затоа секогаш се држите на емоционално растојание.

14. Среќни сте со вашиот живот онаков каков што е. Никогаш не сте помислиле дека вашиот живот ќе биде совршен доколку најдете љубовен партнер. Можеби не сакате да му дадете шанса на животот во двојка, но доколку сте задоволни со работите онакви какви што се, тоа е знак дека потајно се плашите да бидете во врска.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар