14 зла кои шеќерот му ги прави на вашето тело

Белиот рафиниран шеќер е сосема непотребен во вашата исхрана, но и покрај тоа го внесувате во телото затоа што е дел од некои многу вкусни слатки и други видови храна. За жал, штом тој влезе во вашиот организам започнува да прави хаос и само да му наштетува. Не прави ништо добро за нас, туку само зло. Светската здравствена организација препорачува дневен внес на не повеќе од шест лажички шеќер и сака таа бројка да ја намали на три. Тоа е многу малку, со оглед на тоа што една чаша газиран сок во себе содржи десет лажички, но оправдано имајќи предвид какви ефекти тој има на здравјето. Ако продолжите да го консумирате во големи количини, тогаш неизбежно е да се соочите со некоја од овие болести.

14 зла кои шеќерот му ги прави на вашето тело

1. Кариес

Шеќерот е вечниот непријател на забите. Според американските стоматолози на нив има бактерија која се храни со шеќер, а кога е нахранета започнува со создавање на киселина која го нагризува забот.

2. Глад

Хормонот кој му кажува на мозокот дека сте сити се вика лептин. Јадењето премногу шеќер ве прави отпорни на него и затоа мозокот не ја разбира пораката дека не ви треба повеќе храна, а вие и понатаму чувствувате глад.

3. Дебелеење

Прекумерното консумирање шеќер е причина поради која додавате килограми или не успевате да ги намалите и покрај тоа што напорно вежбате. Не постои ништо друго кое може толку брзо да ве здебели или да ве спречи да ослабете како што тоа го може белиот шеќер.

4. Отпор на инсулин

Инсулинот е хормонот кој што е задолжен шеќерот да го претвори во енергија за телото. Кога постојано јадете шеќери, нивото на инсулин постојано е високо и организмот станува отпорен на него и поради тоа шеќерот оди директно во крвта. Тоа на почетокот предизвикува замор, глад и висок крвен притисок, но многумина не знаат дека се отпорни на инсулинот пред да дознаат дека имаат проблем со дијабетес.

5. Дијабетес

Модерниот начин на исхрана е полн со шеќери, па затоа и бројот на луѓе кои страдаат од дијабетес е сè поголем. Исто како што предизвикува отпор кон инсулинот, така шеќерите предизвикуваат и дијабетес.

14 зла кои шеќерот му ги прави на вашето тело

6. Проблеми со црниот дроб

Големите количини на шеќер го тераат црниот дроб да работи прекумерно поради што се собираат масти околу него. Тие понатаму водат до многубројни проблеми.

7. Рак на панкреасот

Ракот на панкреасот е еден од оние со највисок процент на смртност. Како и секој друг вид рак не се знае точниот причинител, но истражувањата покажуваат дека заболените секогаш биле такви што претерувале со шеќерот.

8. Болести на бубрегот

Ова сè уште е само претпоставка, но постојат студии чии резултати многу загрижуваат. Научниците откриле дека газираните сокови имаат моќ да ги оштетуваат бубрезите само со тоа што тие мора да се справуваат со шеќерот и другите состојки кои тие ги содржат.

9. Висок крвен притисок

Иако солената храна се поврзува со високиот крвен притисок, а не благата, постојат студии кои потврдуваат дека и прекумерната консумација на шеќер предизвикува создавање на некои киселини во телото кои го покачуваат крвниот притисок.

10. Срцеви болести

Слично како и со високиот крвен притисок, така постојат силни показатели дека шеќерот неколкукратно го зголемува ризикот и од срцеви болести.

14 зла кои шеќерот му ги прави на вашето тело

11. Зависност

Да, можно е да бидете зависни од шеќер. Исто како што некои други супстанци можат да го натераат мозокот да бара повеќе и повеќе, таа моќ ја има и белиот рафиниран шеќер.

12. Намалување на когнитивните способности

Прекумерната телесна тежина и дијабетесот се поврзуваат со намалувањето на когнитивните способности со Алцхајмеровата болест, па оттука и потребата да се внимава со шеќерот поради овие причини. Покрај тоа, постојат студии кои укажуваат на директна врска помеѓу Алцхајмеровата болест и начинот на исхрана богата со бел шеќер.

13. Недостаток на важни нутритиенти

Тоа што јадете премногу шеќери ќе направи да не ви треба друга храна. На тој начин нема ни да се сетите дека ви се потребни некои хранливи материи кои се содржани во храната која не ви ни текнува да ја консумирате.

14. Ризик од болка во зглобовите

И повторно, хаосот кој шеќерот го прави во телото предизвикува излачување на киселини кои меѓу другото се поврзуваат и со ризик за болки во коските.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар