14 работни места за кои ќе ви плаќаат да патувате низ светот - Part 2

14 работни места за кои ќе ви плаќаат да патувате низ светот

8. Стјуардеси

14 работни места за кои ќе ви плаќаат да патувате низ светот

Дали би сакале да имате можност да поминувате една или две вечери во различни градови низ светот? Дури и кога немаат искуство, стјуардесите земаат повеќе од минималната плата, а за оваа работа ретко е потребна некаква диплома. Секако, често ќе треба да ги предупредувате луѓето за безбедносните појаси, но од друга страна секогаш ќе имате попуст на авионските билети за вас и вашето семејство.

9. Патувачки медицински сестри

14 работни места за кои ќе ви плаќаат да патувате низ светот

Ако сте медицинска сестра и сакате да патувате, тогаш не трошете го времето во локалната болница. Медицинските сестри можат да поминат низ обука од неколку месеци во интернационални болници, а потоа според потребата се распоредуваат насекаде низ светот. Каде и да одат имаат обезбедено сместување и бесплатна здравствена заштита.

10. Камионџија

14 работни места за кои ќе ви плаќаат да патувате низ светот

Да се биде камионџија и не е така лесна работа. Најчесто сте сами, некогаш на многу непријатни места, а секако потребна ви е и меѓународна возачка дозвола. Од друга страна пак, не мора да ги трпите досадните колеги, често поминувате низ прекрасни места, а секако платата е одлична.

11. Агент за таленти

14 работни места за кои ќе ви плаќаат да патувате низ светот

Без разлика за која дејност станува збор, агентите треба да патуваат ширум земјата и светот во потрага по најголемите млади таленти. Најчесто е потребна диплома поврзана со дејноста за која се бараат таленти, како и бизнис искуство, особено од областа на продажбени агенти или администрација.

12. Дадилка

14 работни места за кои ќе ви плаќаат да патувате низ светот

Сакате деца и не ви пречи да се дружите со нив покрај базен додека нивните родители се на некое крстарење или нешто слично? Тогаш имате сѐ што ви е потребно за да бидете дадилка.

13. Фитнес инструктор во туристички дестинации и одморалишта

14 работни места за кои ќе ви плаќаат да патувате низ светот

Некои луѓе сакаат да вежбаат и да си ја одржуваат формата дури и додека се на одмор. Можеби звучи лудо, но ако и вие сакате да вежбате, тогаш зошто да не бидете фитнес инструктор кој ќе патува заедно со туристичките групи низ најубавите дестинации ширум светот?

14. Дел од технички екипаж на музички турнеи

14 работни места за кои ќе ви плаќаат да патувате низ светот

Никој не гарантира дека ќе бидете дел од екипажот на добра група, но музичарите и пејачите секогаш бараат спремни техничари кои се грижат за сцената, осветлувањето, звукот и сите други детали кои се потребни за тие да звучат убаво на нивната турнеја.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар