14 работни места за кои ќе ви плаќаат да патувате низ светот

Експертите велат дека кога станува збор за работа, младите луѓе, поточно генерациите родени во осумдесеттите години од минатиот век, ги красат особини како нестрпливост, недостаток на лојалност или едноставно не се грижат за барањата кои се наведени во описот на работното место. Затоа работодавачите нудат различни видови дополнителни придобивки за да го привлечат вниманието на младите таленти, со цел да ги задржат подолго од 5 секунди покрај нивните бироа. Меѓу другото, ова често вклучува и платени патувања или одмори.

14 работни места за кои ќе ви плаќаат да патувате низ светот

Но, зошто да се задоволите со една или две недели одмор, кога патувањето низ светот всушност може да биде вашата кариера? Во продолжение ви нудиме листа од кариери со пристојна плата, каде што патувањето е дел од описот на работното место.

1. Дипломат

14 работни места за кои ќе ви плаќаат да патувате низ светот

Иако можеби дипломат ви звучи како работа за средовечни политичари, сепак не е баш така. Денес во дипломатијата често може да се сретнат амбициозни млади луѓе, кои го усовршуваат занаетот во различни земји низ светот и достојно ја претставуваат својата земја.

2. Професор по англиски јазик

14 работни места за кои ќе ви плаќаат да патувате низ светот

Во земјите ширум светот, вклучувајќи ја и нашата држава, децата учат англиски како втор јазик од најрана возраст. Познавањето на англискиот јазик практично ви овозможува да работите каде било во светот. Платите се пристојни, дополнително се платени и летовите, како и сместувањето, а вие ќе имате можност да се запознавате со нови култури додека го правите она што го знаете најдобро – да зборувате англиски.

3. Дел од екипажот на брод за крстарење

14 работни места за кои ќе ви плаќаат да патувате низ светот

Луксузните бродски прекуокеански линии постојано бараат луѓе за секаков вид работни места, без или со мало претходно искуство. Овие бродови имаат потреба од готвачи, чистачи, медицински сестри, музичари, фитнес инструктори и козметичари. Ако го добиете работното место, тогаш всушност ќе ви плаќаат да крстосувате низ светот.

4. Амтрак писател

14 работни места за кои ќе ви плаќаат да патувате низ светот

Сакате да пишувате и да патувате? Програмата за писатели на американската железничка компанија Амтрак значи дека ќе ви биде платено конечно да напишете роман, додека живеете во возови кои патуваат низ земјата. Според Амтрак, оваа програма е направена за да им овозможи на креативните професионалци, кои се страсно вљубени во патувањето со воз и пишувањето да работат на нивните дела во инспиративна средина. На кандидатите им е обезбедена приватна кабина за спиење, опремена со биро, кревет и прозорец низ кој ќе можат да ги набљудуваат неверојатните пејзажи.

5. Работник во железница

14 работни места за кои ќе ви плаќаат да патувате низ светот

Ако не сакате да пишувате, но обожавате да сте во воз, тогаш едноставно можете да станете дел од екипажот. Просечната плата во американските железници, вклучувајќи ги дополнителните надоместоци, достигнува и до 108 илјади долари годишно, а најчесто вклучува и патувања.

6. Работа во национален парк

14 работни места за кои ќе ви плаќаат да патувате низ светот

Работата како ренџер во национален парк можеби изгледа напорна и тешка, но од друга страна ви овозможува секој ден да се будите во најубавите места ширум светот, а притоа да ви плаќаат за тоа.

7. Туристички водич во меѓународни автобуски линии

14 работни места за кои ќе ви плаќаат да патувате низ светот

Дали сакате патувања со автобус? Ако одговорот е да, тогаш идеалната работа за вас е туристички водич во меѓународни автобуски линии. Туристичката агенција ќе ве обучи како да им овозможите незаборавни доживувања на клиентите и тоа на вашите омилени патувачки дестинации. Некои туристички водичи живеат и работаат надвор од својот дом и по 18 месеци.

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар