13 знаци дека сте исклучителни, без да знаете

13 знаци дека сте исклучителни, без да знаете

Новороденчето изгледа неверојатно во очите на неговите родители. Но, уште како млади, ние сме биле воспитувани да се адаптираме на останатиот свет. Родителите им кажуваат на нивните деца да бидат тивки, да не се истакнуваат и да не бидат различни. Доколку не ги почитуваат овие правила, тие ги предупредуваат дека можат да бидат неприфатени. На овој начин сите ние забораваме дека сме исклучителни и го губиме уникатниот глас кој го поседуваме. Дали и вие сте заборавиле колку сте исклучителни? Следниве 13 нешта со сигурност ќе ве потсетат…

13 знаци дека сте исклучителни, без да знаете

1. Вие читате секој ден

Вие сте исклучителни бидејќи инвестирате време во вашето подобрување и знаење. Можеби другите ве гледаат како личност која повеќе живее во книгите отколку во реалноста, но тоа не треба да ве обесхрабрува во читањето. Еден ден ќе направите нешто неверојатно со целото тоа знаење кое сте го акумулирале.

2. Вие мечтаете и имате огромни соништа

Вие сте исклучителни бидејќи имате соништа и аспирации. Всушност, вашите соништа се толку големи што другите ги гледаат како непрактични и нереални, па токму затоа можеби и ви се смеат. Но, не им дозволувајте да влијаат врз вас, тоа се само луѓе кои се презафатени за сонување. Вие имате дарба, негувајте ја.

3. Наоѓате време за да застанете и да се насочите кон себе

Вие сте исклучителни бидејќи не ги следите слепо инструкциите. Вие секогаш верувате дека постои друг начин на кој можете да ја завршите вашата работа, подобар начин, па токму затоа секогаш се обидувате да го најдете. Вашите колеги мислат дека сте бавни, неефикасни и претерано внимателни, но тоа не е воопшто вистина.

4. Плачете кога гледате филм кој допрел до вас или кога слушате прекрасна песна

Вие сте исклучителни бидејќи сте емпатични и разбирате како другите се чувствуваат. Вие им дозволувате на вашите емоции природно да си течат и си дозволувате на себе целосно да ги искусите. Другите мислат дека немате никаква контрола врз вашите емоции, но тие едноставно не сфаќаат што значи да се биде толку свесен за своите емоции. Негувајте ја оваа способност, бидејќи не секој успева да ја изгради.

5. Им помагате на другите без да очекувате ништо за возврат

Вие сте исклучителни бидејќи не гледате во сè пари и едноставно уживате да им помагате на другите и да бидете добри. Тоа ве прави да се чувствувате среќно и исполнето. Другите луѓе сметаат дека сте будалести што им помагате на другите без да побарате ништо за возврат.

6. Повеќе слушате отколку што зборувате

Вие сте исклучителни бидејќи слушате активно и сте навистина заинтересирани за она што ви го зборуваат. Вие одбирате повеќе да слушате отколку да зборувате, но не затоа што сте срамежливи, тивки или досадни туку затоа што имате ваши мислења и сте отворени за мислењата на другите.

7. Го прифаќате неуспехот

Вие сте исклучителни бидејќи знаете како да го искористите продуктивно неуспехот кој го доживувате. Многумина попрво би стагнирале отколку да преземат ризик кој би можел да доведе до неуспех, но не и вие. Вие едноставно ги тестирате сите нешта, со цел да откриете што функционира, а што не и потоа одлучувате кој ќе биде вашиот следен чекор.

8. Пријатно ви е да бидете сами

Вие сте исклучителни бидејќи сте независни. Немате проблем доколку треба да јадете сами, да гледате филм сами или да одите сами на одмор. Многумина ве доживуваат како осаменици или антисоцијални, но вистината е дека вие сте самоуверени и удобно ви е покрај себе. Немате потреба од постојано внимание и признание од останатите.

9. Прво се грижите за себе, а потоа за другите

Вие сте исклучителни бидејќи сфаќате дека за да можете да се грижите за другите, прво мора да се погрижите за себе. Вие сакате самите да ги задоволите вашите потреби, а не да го правите тоа преку задоволувањето на туѓите потреби. Останатите понекогаш ве доживуваат како себични, индиферентни и негрижливи, но вие едноставно сфаќате дека за да можете подобро да се грижите за другите, прво треба да ги решите вашите проблеми.

10. Никогаш не престанувате со поставување прашања

Вие сте исклучителни бидејќи сте љубопитни и сакате да знаете како нештата функционираат. Другите можеби ве доживуваат како здодевни и иритантни, но вашата грижа за светот е за пофалба, не за критика. Вие сакате да разберете како тој функционира со цел да можете повеќе да го цените.

11. Вие сте позитивни и можете да видите убавина во сè

Вие сте исклучителни бидејќи верувате дека во секого постои убавина. И покрај тоа што знаете дека секогаш постои простор за подобрување, вие наместо да се депримирате со негативноста свесно се фокусирате на позитивноста која ве прави среќни. Другите ве доживуваат како претерано позитивни и оптимистични, но токму ова однесување може да ве одведе побрзо до врвот од останатите.

12. Вие си дозволувате да го правите она што го сакате

Вие сте исклучителни бидејќи не се терате да правите нешто што го мразите. Луѓето мислат дека сте будалести што трошите толку многу време и пари на вашата страст, но вие знаете точно што ве прави среќни. Исто така разбирате и дека вашето време и пари не се потрошени, туку се инвестирани во вашата среќа.

13. Вие се сакате самите себеси

Вие сте исклучителни бидејќи се сакате себеси и кон себе се однесувате љубезно. Кога нешто нема да испадне онака како што сте намислиле, културно се прашувате каде сте згрешиле и потоа ја анализирате ситуацијата со цел да дојдете до решение. Вие никогаш не се навредувате ниту пак се осудувате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар