13 знаци дека размислувате со вашето срце, наместо со вашата глава

Некои луѓе повеќе се потпираат на она што им го кажува разумот, додека пак други се навикнати повеќе да го слушаат своето срце. Оние кои припаѓаат на втората категорија се емоционални суштества кои не можат да ги скријат своите чувства. Погледнете ја оваа листа која ги одликува оние личности кои размислуваат со нивното срце.

Ако ги правите овие 13 работи тоа значи дека размислувате со вашето срце, наместо со вашата глава

1. Одбивањето премногу ве повредува. По раскинувањето, вие воопшто не гледате никаква надеж. Постојано размислувате колку ви недостига таа личност и колку сакате да ја видите. Ги игнорирате сите знаци кои ви ги испраќа вашиот мозок дека раскинувањето е подобро за вас, па продолжувате да го слушате срцето кое ви предизвикува болка.

2. Не можете да објасните зошто ве привлекуваат некои луѓе. Не можете да дадете јасно објаснување зошто сте привлечени токму од таа личност. Тоа не е потребно, затоа што личноста е паметна, смешна или секси и ве прави среќни.

3. Ја сакате идејата за љубовта. Вие сте романтична личност, опседната со чоколади, рози и клише работи. Не се грижите што другите мислат дека ова е глупаво, затоа што според вас тоа е премногу слатко.

4. Ги искажувате сите свои тајни. Вие премногу ѝ верувате на таа личност и веднаш штом ќе станете малку поблиски, ги откривате сите ваши значајни тајни. А кога ќе си замине, станувате вознемирени затоа што некој „странец“ ви ги знае најдлабоките тајни.

5. Давате втора шанса. Знаете дека не треба да му простите на вашиот претходен партнер, затоа што тој не ви носи ништо добро. Но, вие сте премногу грижливи и кога ќе побара простување од вас, вие го давате.

6. Имате силна интуиција. Не можете да објасните, но обично сте во право.

7. Другите во некој момент ве нарекувале драматични. Кога сте среќни, не можете да ја задржите во себе целата возбуда, а кога сте тажни, знаете да плачете и со часови. Вие имате екстремни емоции и тие може за кратко време да се менуваат.

Ако ги правите овие 13 работи тоа значи дека размислувате со вашето срце, наместо со вашата глава

8. Имате безусловна верба. Ако чувствувате дека некој или нешто може да ве направи среќни, вие не размислувате, туку веднаш ѝ се препуштате на ситуацијата, без да се грижите за последиците. Навистина уживате во моментот.

9. Верувате во знаци. Знаци дека треба да му се јавите на бившиот. Знаци дека нешто лошо ќе се случи. Знаци дека вашиот партнер ве изневерува.

10. Не жалите за многу работи. Мило ви е што сте поминале неколку месеци со бившиот партнер, иако тој ве мамел, а не жалите ни што сте се зближиле со некоја личност која набргу се оддалечила од вас. Вие не дозволувате несреќните краеви да ви ги уништат среќните моменти.

11. Секогаш ги правите вистинските работи. Иако вашиот здрав разум ви кажува да го следите полесниот пат, вие не можете да замислите да крадете, да лажете или да изневерувате. Не би можеле да живеете со таа вина.

12. Вие сте плачковци. Ако слушнете некоја тажна вест, вие не кажувате само зборови за сочувство, туку истата ви го крши срцето толку многу што понекогаш можете и да заплачете.

13. Повеќе се грижите за другите отколку за себе. Вие мислите со вашето срце, но не се грижите најмногу за него, туку за срцата на другите околу вас. Сакате да ги направите среќни по секоја цена, дури тоа да значи и дека треба да страдате поради нив.

Ако ги правите овие 13 работи тоа значи дека размислувате со вашето срце, наместо со вашата глава

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар