13 знаци дека оставате впечаток на недостапна личност

13 знаци дека оставате впечаток на недостапна личност

Постојат луѓе кои се неверојатно шармантни и постојано шират позитивна енергија, па другите се чувствуваат слободни да им пријдат. Но, постојат и оние кои несвесно делуваат како да не сакаат друштво. Луѓето постојано ве одбегнуваат, а вие не можете да сфатите зошто. Доколку се пронаоѓате во овој опис, можеби правите некоја од следниве 13 работи поради што делувате недостапно и недружељубиво…

13 знаци дека оставате впечаток на недостапна личност

1. Имате затворен говор на тело

Доколку од некоја причина постојано стоите со вкрстени раце, на тој начин ги одбивате луѓето од себе. Вкрстените раце испраќаат порака дека сакате да бидете сами. Додека стоите, секогаш држете ги рацете слободно пуштени на страна. Исто така, наведнувајте се по малку накај луѓето, не бегајте од нив.

2. Одбегнувате контакт со очи

Ако одбегнувате контакт со очи, тогаш нема сомнеж дека ќе оставите впечаток на недостапни. Никој нема да ви пријде доколку не сте дале значење на неговото постоење со еден обичен поглед. Не плашете се да фатите нечиј поглед. Тоа е знак дека сте расположени за разговор.

3. Никогаш не го тргнувате погледот од телефонот

Нема ништо полошо од тоа постојано да зјапате во телефонот. Тоа не само што ќе направи да делувате како да не сте заинтересирани за контакт со луѓе, туку и ќе изгледате презафатени за разговор. Тоа е најлошата можна комбинација.

4. Не се смеете

Секако дека не треба со сила да се смеете, доколку не сте расположени. Но, не мора да се насмеете од шестка до шестка за да делувате дружељубиво, доволно е да подарите блага насмевка. Дури и сосема малку позитивниот израз на лицето е попривлечен од неутралниот.

13 знаци дека оставате впечаток на недостапна личност

5. Ненамерно исклучувате луѓе од разговорот

Помислете кога последен пат сте разговарале со повеќе нови познајници. Доколку имате навика да исклучувате луѓе од конверзацијата, на тој начин што ќе им свртите грб на пример, или се оддалечите, можеби затоа тие не сакале да продолжат да разговараат со вас.

6. Имате навики поради кои делувате нервозно

Постојано мрдате со ногата, си играте со косата или тропкате со стапалото. Тоа го правите несвесно, но тоа е знак дека сте премногу нервозни за да разговарате. Одбегнувајте ги овие навики за да делувате подружељубиво. Полесно е да се каже отколку да се направи, но вреди да се обидете.

7. Не се грижите за вашиот изглед

Нормално дека секогаш треба да носите облека што ви е удобна, но некои настани бараат да им обрнете повеќе внимание. Кога сите останати се дотерани, вашата лежерност може да ги одбие луѓето, без разлика дали е тоа праведно или не. Можеби ви делува ова површно, но изгледот навистина има влијание на тоа како ве доживуваат другите.

8. Премногу се грижите за вашиот изглед

Од друга страна, пак, можеби претерувате со вашите модни комбинации. Доколку секогаш изгледате совршено, може да оставите впечаток на недостапни. Тоа е така затоа што претераната совршеност делува неискрено и лажно. Во ред е понекогаш да излезете со несредена фризура или без шминка. Сепак сте само човек.

13 знаци дека оставате впечаток на недостапна личност

9. Ненамерно се криете зад некои предмети

Доколку не сте баш сигурни во себе, потсвесно чувствувате потреба да се скриете. Можеби застанувате зад одредени работи, на пример ја држите чантата пред вас кога сте излезени со друштво или се криете зад вашиот пијалак. На овој начин делувате како да имате поставено штит пред себе и никој нема да се осмели да ви пријде.

10. Делувате агресивно

Некои луѓе ги мешаат поимите наметливост и агресивност. Мислат дека наметливите луѓе се гласни, неучтиви и напорни. Но, тоа не е точно. Ако сакате да добиете нешто, бидете наметливи но на тој начин што ќе ја зголемите туѓата чувствителност и емоционална интелигенција.

11. Гледате во подот

Кога влегувате во некоја просторија дали ја држите главата крената високо? Или зјапате во вашите чевли? Доколку го правите второто, другите луѓе ќе си помислат дека не сакате друштво. Луѓето треба да ви го видат лицето за да знаат дали сакате да ги запознаете.

12. Постојано сте негативни

Интелигентниот сарказам е секогаш добредојден, но доколку 24/7 сте негативни, тоа може да стане малку напорно за околината. Ако постојано ширите негативна енергија, луѓето ќе почнат да ве одбегнуваат. Бидете позитивни за да го зголемите кругот на познајници.

13. Не знаете да се шегувате на своја сметка

Човечки е да се греши, но уште почовечки е да се насмеете на тие грешки. Токму затоа луѓето сакаат да бидат во друштво на личности кои не се сфаќаат себеси премногу сериозно. Доколку покажете доза ранливост и смисла за хумор, другите ќе ве сметаат за дружељубиви и привлечни. Насмејте се на своја сметка. Луѓето ќе ве обожаваат поради тоа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар