13 работи кои ментално силните луѓе не ги прават

Да се биде умствено јак значи да се има контрола над своите емоции, мисли и постапки. Ова се 13 нешта кои умствено силните личности не ги прават.

13 работи кои ментално силните луѓе не ги прават

1. Не трошат време сожалувајќи се себеси

Умствено силните личности не трошат време на сожалување за тоа во каква ситуација се наоѓаат или како се третирани од страна на некој друг. Тие преземаат целосна одговорност за нивната улога во сопствениот живот, ја креваат главата и продолжуваат понатаму. Тие се помируваат со фактот дека животот не секогаш е лесен ниту пак праведен.

2. Не дозволуваат да бидат контролирани

Тие не дозволуваат да бидат контролирани од страна на некој друг. Никому нема да му ја дадат моќта на контрола над нив. Ментално силните личности нема да речат „Мојот шеф прави да се чувствувам лошо“, бидејќи знаат дека тие самите ја имаат контролата над своите емоции и самите одбираат како ќе одговорат на нечии постапки.

3. Не ги избегнуваат промените

Разбираат дека промените во животот се неизбежни и се трудат да се прилагодат на разни ситуации. Тие му се препуштаат на ризикот кои го носат промените и се трудат да го извлечат најдоброто.

4. Не трошат енергија на работи кои не можат да ги променат

Ваквите личности нема да ги чуете како се жалат поради изгубениот багаж или гужвата во сообраќајот. Тие се свесни дека таквите работи се надвор од нивна контрола и дека со жалење и трошење нерви околу тоа не можат ништо да променат. Она врз што можат да влијаат е нивното однесување и токму затоа се контролираат.

5. Не се трудат секому да му удоволат

Тие се љубезни и праведни, но знаат да речат „не“ и да го искажат своето мислење тогаш кога на другите може да не им се допадне. Свесни се дека не можат да ги задоволат желбите и потребите на сите останати, ниту пак треба да се стремат кон тоа.

6. Не се плашат од ризици

Не би презеле глупави ризици стремејќи се кон нереални исходи, но би потрошиле многу време пресметувајќи го ризикот. Ментално силните луѓе не се плашат да излезат од „безбедната зона“.

7. Знаат како да го преболат минатото

Живеат во сегашноста и ја планираат иднината. Минатото не може да се промени, така што размислување за она што било или како поинаку би можеле да изреагираат е само трошење време. Голема способност е човек да умее да се помири со минатото и да ги прифати и лошите искуства како дел од својот живот од кој извлекол лекција.

8. Не ги повторуваат своите грешки

Најважно е да се прифатат направените грешки и да се преземе одговорноста за истите. Секој прави грешки, но умствено силните личности учат од своите грешки и не ги повторуваат. Напротив, во иднина ќе донесат многу подобри одлуки.

9. Не се завидливи на туѓиот успех

Успехот доаѓа по тешка работа и голем труд, и тие се свесни за тоа. Завидливоста на туѓ успех нема да ти донесе успех тебе, напротив ќе те направи огорчен човек. Тие знаат како да ги прославуваат туѓите успеси, но и да градат свои достигнувања.

10. Не се откажуваат лесно

Неуспехот не е причина да се откажеш туку да се потрудиш уште повеќе. Неуспехот не значи крај туку прилика за надградувања и напредување.

11. Не се плашат да бидат сами

Ментално силните личности не се плашат да бидат сами, ниту пак стравуваат од тишината. Не се зависни од присуството на други личности околу нив. Некогаш им годи да бидат сами со своите мисли и да бидат продуктивни во таквите периоди.

12. Не мислат дека светот им должи нешто

Не се зависни од материјалните нешта во животот, ниту мислат дека државата или општеството би требало да им го даде она што им треба. Напротив, тие се фокусираат на своите способности како и на можноста да создадат нешто самите за себе.

13. Не очекуваат инстантни резултати

Успехот и крајниот резултат некогаш доаѓа многу подоцна, и тие се подготвени да чекаат. Ќе го вложат најдоброто од себе, нема да губат надеж и ќе ги чекаат своите минути на слава.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар