12 знаци кои ќе ви помогнат да забележите дали некој ви љубомори

Секој од нас се чувствува убаво кога ќе постигне некоја цел. За жал, постојат луѓе кои не можат да се радуваат за другите и пробуваат да им ја уништат радоста. Ова се луѓето кои навидум ви посакуваат сè најдобро, но всушност се љубоморни на вашиот успех. Не е лесно да препознаете и да се справите со љубоморна личност, но овие 12 знаци и совети ќе ви помогнат во тоа.

12-znaci-koi-kje-vi-pomognat-da-zabelezhite-dali-nekoj-vi-ljubomori-kafepauza.mk

1. Имитација

Личноста која е љубоморна на вашата кариера, вашите врски, вашата облека и слично, ќе направи сè за да биде како вас, па дури и ќе ве имитира. Оскар Вајлд рекол дека имитацијата е најискрената форма на ласкање, но може навистина да ве иритира кога некој ви ги краде идеите. Наместо да се лутите, најдобро е да им помогнете на овие личности да се пронајдат себеси. Објаснете им зошто е важно да бидат свои ако сакаат да успеат.

2. Лажни комплименти

Љубоморните личности ќе се однесуваат како да ве ценат, но штом ќе го свртите грбот тие ќе почнат да ве озборуваат. Наместо да се ослободат од љубомората тие ќе се однесуваат како да не им е грижа. Немојте да се спуштате на нивно ниво и ценете ги за нивниот успех кога ќе го заслужат тоа.

3. Омаловажување на вашиот успех

Овие луѓе постојано ќе се обидуваат да ги намалат вашите достигнувања, а понекогаш знаат да бидат и сурови. Запомнете дека нема потреба да се обидувате да им објаснувате бидејќи тоа нема да направи разлика. Сепак, вашите успеси се за вас.

4. Посочување на грешките

Ако направите и најмала грешка, љубоморните луѓе се првите кои ќе ви го кажат тоа. Дури и вашиот најмал неуспех прави тие да се чувствуваат убаво и задоволно. Не дозволувајте нивните зборови да имаат влијание на вас. Сè додека сте на правиот пат, не може ништо да застане помеѓу вас и вашиот успех.

5. Не се добри пријатели

Обично ќе забележите кога луѓето се дружат со вас само кога сте успешни. Ако вашиот успех се намали, тие веднаш ќе исчезнат од вашиот живот. Но, љубоморните луѓе се поинакви. Штом ќе забележат дека успевате тие ќе почнат да се повлекуваат. Вашиот успех ќе ја зголемува нивната љубомора и ќе ја намалува нивната самодоверба.

6. Вие сте ривали во нивните очи

Љубоморните луѓе ќе се натпреваруваат со вас бидејќи тие сакаат да бидат подобри. Не дозволувајте да ве провоцираат. Ова ривалство често е нездраво, а љубоморните луѓе користат подмолни тактики за да ве повлечат надолу.

7. Ширење гласини

Овие луѓе ќе ја искористат секоја можност за да зборуваат зад вашиот грб. Тие не размислуваат за тоа какви гласини ќе рашират за вас. Немојте да паднете под влијание на овие луѓе. Обидете се да ги замолите да престанат со ширењето гласини без расправање.

8. Наоѓаат мани

Бидејќи љубоморните луѓе сметаат дека сè сте постигнале со среќа, тие постојано ќе ве критикуваат. Нив не им е важно дали сте работеле напорно. Дури и ќе измислуваат работи само за вие да се чувствувате лошо.

9. Ве мразат без причина

Љубоморните луѓе секогаш ќе ве презираат, и тоа не е ваша вина. Тие копнеат по вашиот успех, па кога го немаат ве мразат за тоа. Единствениот начин да се справите со ова е да се однесувате културно со нив за да не ви наштетат.

10. Ќе се обидат да ве изолираат од другите

Љубоморните луѓе ќе се обидуваат да ве одделат од луѓето кои најмногу ги сакате. Ќе се осигурат дека немате поддршка за подоцна полесно да ве уништат. Тие може да влијаат на вашите романтични, семејни па дури и пријателски врски.

11. Не го покажуваат нивното вистинско лице

Не очекувајте овие луѓе да бидат искрени со вас. Тие секогаш ќе се преправаат дека се радуваат за вас и дека ви посакуваат само среќа. Но имајте на ум дека не мислат ниту еден збор од тоа што ви го кажуваат.

12. Ве саботираат преку нивните совети

Совеста на љубоморните луѓе не работи кога се обидуваат да ви го украдат успехот. Тие може да ви го дадат најлошиот совет со надеж дека ќе го искористите и нема да успеете во посакуваната цел.

Погледнете и кои знаци покажуваат дека вашите пријатели ви љубоморат.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар