12 знаци дека станува збор за секс, а не за врска

12 знаци дека станува збор за секс, а не за врска

Секако дека вие ја имате слободата да одлучите каков ќе биде вашиот однос со одредена личност. Но, не би смееле да се залажувате дека станува збор за врска кога не е. Можеби само вие или пак и двајцата се залажувате дека сте во љубовна врска, а она што всушност го имате е само секс. А тоа е во ред сè додека и двајцата знаете на што сте. Размислете дали за вас важат сите или повеќето од наведените точки подолу.

12 знаци дека станува збор за секс, а не за врска

1. Речиси секогаш кога ќе се видите имате секс. Многумина се залажуваат мислејќи дека таквиот однос има некаква посилна основа. Се гледате со цел да имате секс. Тоа е секс, не е врска.

2. Ви се јавува навечер. Доаѓа кај вас доцна. Помисливте дека нема доволно време поради работата? Не, вие сте неговиот/нејзиниот booty call.

3. Не сака да излегувате заедно. Да, понекогаш останувањето дома е слатко, романтично и пријатно. Но, ако не сака да поминува многу време со вас надвор од спалната соба, размислете добро за вашиот однос.

4. Не зборува многу за своето семејство. Или ги знаете најосновните работи, или пак воопшто не ни знаете дали неговите/нејзините родители се живи. Ни пријателите, а ни семејството сè уште не ве запознале.

5. Не сака да знае ништо за вашето семејство. Не само што не зборува за своето семејство, не ни сака да чуе нешто повеќе за вашето.

6. Телефонските разговори или пораки најчесто се со сексуална содржина. И покрај тоа што страста мора да постои, доколку вашите разговори се сведуваат на сексуалната содржина, она што вие го имате со таа личност не е љубовна врска.

7. Се сретнувате на места каде вашата средба лесно би завршила со секс. Речиси секогаш се сретнувате на места каде може да се случи секс. Неговиот/нејзиниот или вашиот дом, на пример.

8. Нема преспивање. Доаѓате еден кај друг доцна во ноќта, и си заминувате малку подоцна, но не спиете заедно.

9. Средбата завршува со сексот. После секс под туш, па дома. Без галење, гушкање и долги разговори… да, тоа е само секс.

10. Без длабоки разговори. Паровите зборуваат за многу работи надвор од спалната соба. Но, ако не уживате во заеднички долги разговори и не се интересирате за неговите/нејзините мислења, ниту тој/таа за вашите, (или интересот е едностран), не залажувајте се, она што вие го имате е секс.

11. Договор за секс. Вашите телефонски разговори се сведуваат на договор за секс-средба, каде и кога.

12. Вашиот однос не е јавен. Секако дека е многу важно врската да биде дискретна до некој степен, но доколку постојано се одбегнувате во јавност, тоа веќе значи нешто друго.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар