12 знаци дека се гледа крајот на вашата љубовна врска

12 знаци дека се гледа крајот на вашата љубовна врска

Го знаете ли она чувство во стомакот кога не сте сигурни дали вашата моментална врска функционира? Сите сме ја доживеале таа бура на емоции. Но, понекогаш потребно е некои врски да завршат за да ја најдете личноста која ви е судена. Ова се 11-те знаци кои ќе ви помогнат да сфатите дека најверојатно дошло време да раскинете со вашиот сегашен партнер…

12 знаци дека се гледа крајот на вашата љубовна врска

1. Ги одложувате средбите со вашиот партнер. Кога ќе стигнете дома, седите некое време во автомобилот само за да си дадете време да земете воздух пред да влезете внатре. Ова е лош знак, особено ако немате деца. Ако имате тогаш тоа е сосема нормално да се случува одвреме-навреме.

2. Сеќавањата се подобри од реалноста. Повеќе ви недостасуваат убавите сеќавања, отколку вашиот партнер.

3. Невозможно е да се опуштите. Не можете да се опуштите покрај вашиот партнер, бидејќи постојано се плашите дека ќе дојде до некоја расправија, или чувствувате дека мора да бидете совршени за партнерот да сака да помине време со вас.

4. Ви недостасува личноста која бил вашиот партнер на почетокот. Постојано размислувате за тоа каков бил во минатото и се надевате дека личноста со која сте сега повторно ќе стане истиот сладок и посветен човек каков што бил на почетокот од врската.

5. Поминувањето време заедно го чувствувате како обврска. Нормално е и здраво да поминувате време одвоени, но ако сте ужаснати од помислата дека треба да се видите со вашиот партнер, тоа е дефинитивно знак на предупредување.

6. Кога размислувате за иднината, не го замислувате вашиот партнер во неа. Се двоумите дали да правите идни планови со него или неа.

12 знаци дека се гледа крајот на вашата љубовна врска

7. Односите многу заладуваат. Одеднаш се случуваат тајни дружби на кои вие не сте поканети и често се расправате за ситници. Не можете да се сетите кога последен пат сте се бакнале страсно или сте се држеле за рака во јавност. Повеќе се однесувате како цимери отколку како љубовна двојка.

8. Тој или таа секогаш ги истакнува вашите разлики. Кога вашиот партнер се обидува да најде разлики помеѓу вас двајца, тоа го прави за да ја оправда причината дека треба да почнете да барате нов партнер.

9. Му/ѝ наоѓате маани. Кога сакате да купите нов автомобил, лесно е да ги најдете сите недостатоци на вашето сегашно возило. Истото се однесува и со љубовните врски.

10. Не му/ѝ одговарате на повиците. Телефонот ѕвони, гледате дека ве бара вашиот партнер и не сакате да одговорите.

11. Не можете да пронајдете тема за разговор. Ако немате за што да разговарате, веројатно проблемот не е во тоа што поминувате премногу време заедно, туку дека едноставно немате исти интереси.

12. Се менуваат вашите пораки. Пораките што си ги испраќате еден на друг не се повеќе исти. Тие се секогаш незгодни затоа што не покажуваат никаква емоција, ниту интонација. Но, ако забележите дека вашите пораки се пократки, со инструкциски знаци и правописни реченици, тоа е знак кој не смеете да го занемарите. Ако вашиот партнер одеднаш ги завршува речениците со точка, а никогаш порано не го правел тоа, тоа е суптилен знак дека нешто не е во ред.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар